.nu

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
.nu
.nu domain
Воведен 1997
Тип на домен Највисок државен домен
Состојба активен
Регистар .SE
Покровител Здружение на интернет корисници - Ниуе
Наменета употреба Ентитети поврзани со  Ниуе
Фактичка употреба се користи за бројни страниц, само неколку се поврзани со Ниуе, особено употребуван во Шведска, Данска, Холандија и белгија бидејќи „nu“ на јазиците на овие земји значи „сега“
Ограничувања на рестрацијата Нема
Состав Дозволени се второстепени регистрации
Документи Поими и услови
Правила при спор UDRP
Мреж. место NuNames
DNSSEC да

.nu — е семрежен највисок државен домен на островската држава Ниуе. Станува збор за еден од првите ccTLDs кој се рекламирал на семрежјето како замена за gTLD .com, .net, и .org. Земајќи ја во редвид фонетската сличност меѓу nu и new, се претставувал како „нов“ TLD во кој има многу слободни имиња на домени.

Раководење[уреди | уреди извор]

Од 2 септември 2013 година .SE ја превземала одговорноста за раководење и техничко одржување на доменот .nu.[1]

Употреба на .nu[уреди | уреди извор]

Доменот .nu особено употребуван во Шведска, Данска, Холандија и Белгија, бидејќи nu на овие јазици е „new“.[2] - пример за украден домен. „Nu“ е исто така, архаичен збор што значи „сега“ на норвешки јазик, но „nå“ е зборот кој се употребува и токму поради ова .nu не се користи од страна на норвежаните. Поради строгите правила за употреба на домените спроведени преку ccTLD и споведувани од Шведска, .se, .nu се користело само за маркетинг на мрежните страници како што се www.tv.nu која прикажува што има во моментот на ТВ, и во Холандија за мрежните страници како на пример waarbenjij.nu, што во превод би било кадесити.сега.

Интернационализирани домени[уреди | уреди извор]

Во март 2000 година, .NU Domain Ltd стана првото TLD претпријатие кое нудело регистрација на интернационализирани имиња на домени,[3] подржувајќи целосен уникод од знаци.[4] за разлика од другите TLD, не беа потребни пребарувачки приклучоци или пребарувачи со паникод од страна на клиентот за употреба на овие имиња, бидејќи мрежните сервери на .NU домените ги пртвораат сите пребарувања и ги пренасочуваа и покрај тоа што беа напишани со меѓународни ознаки. Но, во март 2010 година, .NU Domain објавија при ICANN дека го онеспособиле нивната технологија за пребарување и дека ги спроведувале само IDN стандардните паникодови, и ги намалувале прифатените IDN ознаки за .NU Domain имиња само на ISO-8859-1 западно Европски ознаки.[5]

Повлекување на домени[уреди | уреди извор]

Домените на .NU се повелкуваат без поврат на парите за објавување на сексуална злоупотреба на деца, доколку станува збор за фишинг, спамирање, кражба на електронски адреси, злоупотреба на пребарувачи и други незаконски дела и намени.[6]

McAfee SiteAdvisor[уреди | уреди извор]

Во март 2007 година, McAfee SiteAdvisor издаде извештај во кој ја објаснува функционалност на SiteAdvisor. Како дел од тој извештај, мрежните страници со .nu домен се наведени како страниците со најголем ризика за злоупотреба на пребарувачите. Но, во сите други случаи, страниците на .nu биле класифицирани како страници со умерен или мал ризик.[7] Кусо време по издавањето на овој извештај, .NU Domain излегоа со објава во јавноста велејќи дека SiteAdvisor ги рангирал страниците на .nu меѓу оние со најмал ризик.[8] Во 2008 година McAfee изјавија дека .net и .com се најризичните највиски домени.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]