.tv

Од Википедија — слободната енциклопедија
.tv
.tv
Воведен1996
Тип на доменНајвисок државен домен
СостојбаАктивен
Регистар.tv Corporation
ПокровителВладата на Тувалу
Наменета употребаЕнтитети поврзани со  Тувалу
Фактичка употребаРекламиран за употреба на телевизиски куќи, може да се регистрира и да се користи за секоја намена
Ограничувања на рестрацијатаНема
СоставДозволени се директни регистрации на второстепени домени,некои второстепени домени како gov.tv се резервирани за третостепени домени на владините институции на Тувалу
Правила при спорUDRP
Мреж. местоTV registry

.tvнајвисок државен домен за Тувалу.

Освен резервираните имиња како com.tv, net.tv, org.tv и други, секое лице може да регистрира второстепен домен на TV. Доменското име е популарно, а со тоа и економски исплатливо, бидејќи станува збор за кратенката за зборот телевизија.

Verisign[уреди | уреди извор]

Доменот моментално е раководен од dotTV, подруѓница на претпријатието Verisign, Владата на Тувалу поседува 20% од претпријатието. Во 2000 година, Тувалу го изнајмило доменското име „.tv“ за 50 милиони долари за период од 12 години.[1] Владата на Тувалу добива по еден милион долари на секои тримесеци за користењето на највисокиот државен домен.

На 14 декември 2006 година, Verisign ијавила дека се спојува со Demand Media, раководена од поранешниот претседател на одборот на MySpace Ричард Розенблат за да се рекламира доменот .tv за бофгатите медиумски содржини. „.TV“ имињата не можат да се пренесат на друг регистар. Годишното обновување на овие имиња по вредност е исто колку и почетното купување.

На 16 март 2010 година, Sedo објави дека се здружиле со Verisign за д аодржат екслузивна аукција на 1 април за 115 врвни .TV доменски имиња за кои ќе биде потребно годишно обновување бр=ез разлика на платената цена за нивното добивање. На 19 март, Verisign објави дека врвните .TV имиња ќе бидат достапни и преку преку проширениот .TV регистрирачки канал, со што се намалија цените на врвните .TV имиња, со што голем број на високо барани врвни .TV имиња да станат обични имиња. Како резултат на ова, Verisign всушност ја тргна блокадата која претходно ги обесхрабрувала инвестициите во доменот .TV од страна на разните инвеститори.

Поради вмешаност на Verisign, а и фактот дека Verisign е сместена во САД, подлежи на законите на САД. Првите .tv домени биле запленети од страна на владата на САД како дел од операцијата наречена Лажен Замав пред почетокот на Super Bowl XLVI.[2]

Содржински станици[уреди | уреди извор]

Мрежните страници со доменот .tv честопретставуваат видео содржини за специфични марки или фирми. Издавачите како Nylon и Pitchfork Media нудат подстаници на нивните мрежни изданија строго како оригинална видео содржина. Рекламните претпријатија како Vice во Њујорк добиле договори за да создадат специјализирани содржински станици на доменот .tv, како што се Motherboard.tv за Dell и Creator's Project за Intel на овој домен му дала поголема прегледност, и го иницирало создавањето на независни содржински станици низа колечите во САД како на пример Massive.tv во Севернозападниот универзитет, Maingreen.tv за Универзитетот Браун, и Kuumba.tv за Универзитетот Вашингтон.

co.tv[уреди | уреди извор]

„co.tv“ не е официјална хиерархија, станува збор за домен поседуван од претпријатие кое нуди слободни поддоменски преместувачки услуги, како на пример co.nr.

Ова претпријатие нуди слобдни co.tv поддомени. Поради големата употреба од страна на спамери на поддомени од co.tv во јули 2011 Google ги отстрани .co.tv страните од резултатите на пребарувањата. ова немаше никакво влијание на останатите .tv мрежни страници.

Според Лучијан Константин од Softpedia, „CO.TV се нудачи на слободна домени што пак е злоупотребено од луѓето кои се зад оваа кампања. Сите овие лажни домени се водат на иста IP-адреса.“[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-07-01. Посетено на 2014-09-22.
  2. http://torrentfreak.com/feds-seize-sports-streaming-domains-in-new-super-bowl-crackdown-120202/
  3. http://news.softpedia.com/news/CO-TV-Free-Domain-Provider-Abused-in-Google-News-BHSEO-Campaign-205566.shtml

Надворешни врски[уреди | уреди извор]