.so

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
.so
.so Internet domain registration
Воведен 1997
Тип на домен Највисок државен домен
Состојба Активен
Регистар .SO Registry
Покровител Ministry of Post and Telecommunications, Somalia
Наменета употреба Ентитети поврзани со  Сомалија
Фактичка употреба Неодамн повторно воспоставен
Ограничувања на рестрацијата Нема рестрикции
Состав Регистрациите се прават преку акредитирани регистратори
Правила при спор dotSO Domain Name Registration Policies
WIPO
Мреж. место .SO Registry

.soнајвисок државен домен за Сомалија. По долго отсуство, доменот .so бил повторно воспоставен на 1 ноември 2010 година од страна на .SO Registry, кое пак е контролирано од Министерството за пошта и телекомуникации.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Преглед[уреди | уреди извор]

Поради граѓанскат војна во Сомалија, управувањето на доменот бил доделен Monolith Innovation Group, компанија во Питсбуро, Пенсилванија,[2] која не работи. Доменот останал кај оваа компанија иако истата не работела се до 17 април 2009 година, во тој период доменот .so бил пренесен на серверите не новиот управител Министерството за пошта и телекомуникации на Сомалија.[3]

Пропаста на Monolith (ml.org)[уреди | уреди извор]

Monolith Innovations, како доменски сервер, бил користен во 1990-тите.

Второстепените регистрации во тој период биле мошне скапи. Monolith раководеле со најразлични проекти и дозволувале помали страници да добијат семрежна адреса во обликот example.ml.org скоро бесплатно наместо да се плати целата цена од 50 американски долари за име како example.com, example.org или example.net [4]

Доменското име .so бил првично создаден на 28 август 1997 година, при врвот на славноста на ml.org. Во тоа време, добивките биле очигледни. Со превземањето на доменот, Monolith можела да издава .so доменски имиња на второстепено ниво без трошоци, обезбедувајќи алтернатива за поскапите мрежни услуги.

Според оснвачот на ml.org, Авик Дата, во 1998 година, изјавил „Јас лично се трудам са создадам светски слободен врвен домен. Дали ова ќе биде реалност е друго прашање, парите зборуваат и големи пари се вртат при битките за регистри.“ [5]

Сепак, ml.org престанала да постои при крајот на 1998 година поради „технички и организациони проблеми“ кои вклучувале и големи проблеми со серверите.[6] Its second-level domains remain registered to Aveek Datta, president of the former Monolith Innovations Group, but appear not to be in active use.[7] Низ историјата на доменот, сопственикот на една страница на nic.so изјавил дека „no .SO се достапни и дека не барале регистарски партнери.“ [8] [9] Сепак, DNS серверите за тоа име биле лошо наместени, па адресите на nic.so биле достапни само повремено.

Повторно воспоставување[уреди | уреди извор]

На 3 февруари 2009 година, ICANN одобрила пренесување на доменот .so на Министерството за пошта и телекомуникации за Сомалија.[10] На состаноците на ICANN, било споменато дека Авик Дата, поранешниот управител на доменот, го оспорил предоделувањето но не одговорил на барањето на ICANN да ја потврди поврзаноста со поранешното претпријатие.

Новиот управител на регистарот повторно го активирал доменот .so на 1 ноември 2010 година. Барањата за регистрација можат да се поднесат на мрежната страница на .SO Registry.[1]

Именски простор[уреди | уреди извор]

Доменот .SO нуди четири именски простори: второстепениот простор .so е наменет за општа употреба, а третостепените простор .com.so, .net.so и .org.so се наменети за правни лица непрофитни организации и даватели на мрежни услуги.[11] There also exists .gov.so for government entities.

Регистратори[уреди | уреди извор]

На 5 јули 2012 години, .SO Registry објави список на официјални акредитирани регистратори.[12]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]