.st

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
.st
.st
Воведен1997
Тип на доменНајвисок државен домен
Состојбаактивен
РегистарBahnhof ST Registry
ПокровителTecnisys
Наменета употребаентитети поврзани со Сао Томе и Принсипе
Фактичка употребаУпотребуван во Сао Томе и Принсипе, но рекламиран ширум светото поради најразлични примени
Ограничувања на рестрацијатанема
СоставРегистрациите се директно на второ ниво
ДокументиPolicy and rules
Правила при спорThe registry obeys court orders, and judges disputes themselves for a fee
Мреж. место.ST domain registration

.stнајвисок државен домен за Сао Томе и Принсипе. Доменот е рекламиран низ светото како кратенка за разни ентитети.

Второстепени домени[уреди | уреди извор]

Регистрациите се директни на второ ниво, но нкои имиња се резервирани за специјални третостепени регистрации :

  • nic.st: официјален СТ регистер
  • gov.st: владини институции
  • saotome.st: осторовот Сао Томе
  • principe.st: осторовот Принсипе
  • consulado.st: конзулати на Сао Томе и Принсипе
  • embaixada.st: амбасади на Сао Томе и Принсипе
  • org.st, edu.st, net.st, com.st, store.st, mil.st, co.st

Други употреби[уреди | уреди извор]

Доменот .st се рекламира како општ за употреба домен, со бројни значења или скратеници како на пример „street“, кратенка за „Star Trek“ и други. Доменот .st се користи и за создавање на зборови кои завршуваат на ст како на пример „[bur.st]“.

Smalltalk[уреди | уреди извор]

Програмскиот јазик Smalltalk pима поврзаност со доменот .st кој го нарекуваат програмски јазик Smalltalk. И мрежната страница „The World of Smalltalk“ (www.world.st) како и софтверор Seaside (www.seaside.st) го користат .st како нивно доменско име.

Штаерска[уреди | уреди извор]

Покраината Штаерска, во Австрија, го има ST како неофицијалана но употребувана кратенка. Па затоа доменот .st се користи од помали месни бизниси во Штаерска, покрај доменот на Австрија .at. Исто така и некои регистрации во Јужен Тирол, автономна, покраина во Италија, го користи доменот .st за Südtirol за разлика од италијанскиот домен .it.

Скратување на URL адресите[уреди | уреди извор]

Вашингтон Пост го користи .st како дел од својот домен wapo.st. Нивната .st URLадресе служи за пренасочување на читателите на најразлични натписи на нивната страница. Ова е мошне корисно кога треба да се твитне натпис. Економистги има направено истото под адресата econ.st, додека MapQuest го користи доменот mapq.st за нивните врски до одредени карти.

Стокхолм[уреди | уреди извор]

Постои ограничена употреба на .st во Стокхолм, Шведска, од мал број на бизниси и физички лица.

Yogscast[уреди | уреди извор]

Yogscast го користи .st доменот за скратена верзија од нивната адреса, yogsca.st. Ова, како и Вашингтон Пост, служи како пренасочување до нивната страница, yogscast.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]