.tk

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
.tk
Dot TK logo.svg
Воведен1997
Тип на доменНајвисок државен домен
СостојбаАктивен
РегистарDot TK
ПокровителВладата на Токелау и Телеток
Наменета употребаЕнтитети поврзани со  Токелау
Фактичка употребаМногу употребуван, но не во Токелау. Слободните домени се достапни, дозволено е да се поседува домен без никаква активност
СоставРегистрациите се директни на второ ниво, домените се пренасочени до вистинитите мрежни страници преку рамка или точка директно до мрежниот сервер

.tkнајвисок државен домен за Токелау, територија на Нов Зеланд во јужниот тих океан.

Преглед[уреди | уреди извор]

Токелау дозволува секе физичко или правно лице да регистрира доменски имиња. Корисниците и малите бизниси можат да регистрираат неограничен број на домени без да платат за истите (со некои ограничувања).[1] Во продолжение покрај самото име, корисниците можат да го пренасочат сообраќајот користејќи HTML рамки и нивните електронски адреси со максимални 250 адреси по корисник, или користат целосен DNS, или преку соспствени сервери или користејќи Dot TK сервери. Постојат ограничување на содржините, се забрануваат страници со сексуална содржина, употреба на дроги, говор на омраза, оружја, спам или кражба на права.[1] Исто така доколку пренасочувањето на работи привремено доменот се исклучува. Ако некој домен ги прекрши овие правила и услови истиот е заменет со рекламна страна на Sedo, и нема предупредување кога се шрави ова.[2] Истечените страници можат да се повратат преку контактирање на сервисот за поддршка.

Dot TK исто така обезбедува мрежни страници со .tk со опцијата да се приклучат на мрежата наречена TiKinet, близу испреплетена мрежа која поврзува страници една до друга засновани клучни зборови наречени TiKilinks. Од мрежата се очекува да го зголеми сообраќајот на мрежните страници, од ко многу се страници на физички лица и блоговикои на друг начин не би мжеле да ја рекламираат својата страница.[3]

За да се добие специјално доменско име на доменот .tk корисникот мора да го купи. Овде се вклучени еи трговските заштитени марки за повеќето компании на спиското на Форбс 500. Ваквите домен се продаваат по цена од 19,90 американски долари за првите две години. Потенцијално вредните имиња со помалку од 4 букви не се достапни за слободно запишување, и мора да се купат по цена од 1.000 американски долари.

Dot TK започнал д ануди и нова услуга за корисниците на Twitter од април 2010 година,[4] нудејќи кратки адреси кои не зафаќаат многу помал простор отколку другите, и за Facebook каде корисникот може да преименува фејсбук сметка со доменско име на .tk.

Злоупотреба[уреди | уреди извор]

Во 2006 година, McAfee извршил истражување во кое се тврди дека 95% од сообраќајот на мрежните страници со доменски имиња .tk два пати се поголеми шансите да станува збор за несакано однесување вклучувајќи тука спам фишинг и измами.[5] Но, во 2008 година McAfee изјави дека измамите како и спамот и фишингот се достатно намалени на доменот .tk и дека други највисоки домени како .com и .net се користат повеќе за измами.[6]

Извештај од 2011 година од страна на работната група за антифишинг ја префрли вината за лошиот глас за Токелау на регистраторот Dot TK. Тој се стекнал со правата да го раководи доменот и се виновно за моменталното слободно регистрирање на системот. .tk домените се прикажани во 2.533 од 11.768 (~21,5%) фишинг напади во втората половина на 2010 година.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Free Domain Terms and Conditions". 
  2. "Waring system before cancelled domain". Getsatisfaction.com. 
  3. Narain, Divya (December 19, 2007). "Dot TK Websites Now Interlinked to One Another". TMCnet. 
  4. "TweaK". April 4, 2010. 
  5. Field, Michael (2007-03-16). "Pacific atolls host world's most dangerous websites". The Age. конс. 2007-11-07. 
  6. Keats, Shane (2008-06-04). "Mapping the Mal Web, Revisited" (PDF). McAfee. Архивирано од изворникот на 2009-06-02. конс. 2008-06-04. 
  7. Pauli, Darren (2011-04-27). "Pacific atoll a phishing haven". конс. 2011-11-14.