Сао Томе и Принсипе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Демократска Република Сао Томе и Принсипе
República Democrática de São Tomé
e Príncipe
Знаме Грб
ХимнаIndependência total
Главен град Сао Томе
0°20′ СГШ 6°44′ ИГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик португалски
Признаени регионални јазици Форо, анголар, принсипенски
Уредување демократска полу-претседателска република
 -  Претседател Фрадик де Менезес
 -  Премиер Жоакин Рафаел Бранко
Независност од Португалија 
 -  датум 12 јули 1975 
Површина
 -  Вкупна 964 км2 (183-та)
 -  Вода (%) 0
Население
 -  проценка за 2005 157,000 (188-ма)
 -  Густина 171 жит/км2 (65-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2007
 -  Вкупен $259 милиони[1] 
 -  По жител $1,643[1] 
БДП (номинален) проценка за 2007
 -  Вкупно $145 милиони[1] 
 -  По жител $922[1] 
ИЧР (2007) 0.654 (среден) (123-та)
Валута Добра (STD)
Часовен појас UTC (UTC+0)
Се вози на десно
НДД .st
Повик. бр. 239

Сао Томе и Принсипе, официјално Демократска Република Сао Томе и Принсипе, е островска нација во Африка, во центарот на Гвинејски Залив. Државата се состои од два острови: Принсипе и Сао Томе, разделени меѓу себе 140 км, а додека од брегот на Африка се оддалечени 250 односно 225 км. Двата острови се состојат од венец на изумрени вулкански острови. Сао Томе, поголемиот остров, се наоѓа северно од екваторот и го добил името по Свети Тома, поради тоа што Португалците пристигнале за прв пат на островот на самиот ден Св. Тома. Сао Томе и Принсипе е втората најмала земја во Африка, во поглед на населението. Исто така, таа е најмалата земја каде се зборува португалски јазик.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Сао Томе и Принсипе.

Островите Сао Томе и Принсипе биле ненаселени пред доаѓањето на португалците во околу 1470-та година. Островите биле откриени од Жоао де Сантарем и Педро Ескобар. Цели три години португалските морепловци го истражувале островот пред да донесат одлука каде да биле изградена почетната база. Португалските морепловци го истражиле островот и одлучиле да останат таму бидејќи биле на добра местоположба. Се смета дека островот Сао Томе бил откриен на 21 декември 1471 година, денот на Свети Тома или на 17 јануари 1472 година, денот на Антониј Велики.[2] Во 1493 година било создадено првото населено место од страна на Алваро Камиња по заповед на кралот Жоау II од Португалија. Во 1500 година на истиот начин било основано и првото населено место на Принсипе. Земјата била експлоатирана, а како главни робови служеле донесените евреи, осуденици и робови.[3] Многу бргу островот станал најголемиот производител на шекер во Африка. Но по развојот на шекерната трска во Западна Африка, значењето на островот во тој поглед се намалило. Во околу 1800 година започнало да се произведува кафе и какао. Од тој период до денес, Сао Томе и Принсипе е најголемиот производител на какао во светот. Во 1875 година било укинето ропството, а бо периодот помеѓу 19511972, островите станале провинција на Португалија. во 1953 година избувнало востание на работниците против португалската власт кое востание завршило по колежот на 1.000 востаници. По ова започнало да се шири националистичката свест и движење чија главна цел било ослободувањето на островите. На 12 јули 1975 година била прогласена независност. За прв претседател бил избран Мануел Пинто де Коста. Сао Томе и Принсипе била меѓу првите африкански земји кои во 1990-тите донела демократски реформи и легализација на опозициските партии, така што изборите во 1991 година биле слободни. Мигел Тровада бил избран за претседател на два пати. Во текот на 2009 година во земјата имало обид за државен удар врз Фрадик де Менезес, кој истиот не бил успешен. [4]

Географија и клима[уреди]

Карта на Сао Томе и Принсипе

Островите Сао Томе и Принсипе се наоѓаат во Алтантскиот Океан на околу 300 и 250 километри оддалеченост од Габон и воедно е втора најмала држава во Африка. Двата острова се дел од камерунската вулканска линија.

Сао Томе е 50 километри долг и 32 километри широк и повеќе е планински одошто Принсипе. Највисокиот врв во Сао Томе е 2.024 метри. Принсипе е долг 30 километри и 6 километри широк.

Климата во Сао Томе и Принсипе е тропска и топла со просечна годишна темепература од 27 °C. Температурата ретко се подига над 32 степен. Ноќите се поладни. Дождната сезона во Сао Томе и Принсипе е од октомври до мај.

Политички систем[уреди]

Сао Томе и Принсипе е повеќепартиско општество од 1990 година. Претседателот на Сао Томе и Принсипе се избира за мандат од пет години. Еден претседател може да се кандидира за два мандата. Премиерот се избора од страна на претседателот, а додека четиринаесетчлениот кабинет се избира од страна на премиерот.

Националното собрание е составено од 55 членови, кои се избрани за четиригодишен мандат. Судската власт во Сао Томе и Принсипе е независна.

Административна поделба[уреди]

Сао Томе и Принсипе е поделен на две покраини: Принсипе и Сао Томе.

Покраините понатака се поделени на седум области, од кои шест се на островот Сао Томе и една на островот Принсипе. Принсипе има самоуправувачка влада од 29 април 1995.

Економија[уреди]

Пазар во Сао Томе

Од 1800-тите, економијата на Сао Томе и Принсипе била базирана на земјоделието. Кога државата се обидувала да стекне независност, португалските поседи на плантажите заземале околу 90% од обработливата земја. После независноста, контролата над поседите потпаднала во рацете на повеќе земјоделски компании. Главна суровина за извоз на Сао Томе и Принсипе е какаото и зазема околу 95% од вкупниот извоз.

Демографија[уреди]

Деца во Сао Томе и Принсипе.

Вкупното население на Сао Томе и Принсипе е 138.500, од кои 137.500 живеат на Сао Томе, а додека 6.000 жители има на Принсипе. Сите се потомци на различни етнички групи, па така досега се забележани:

  • Местици - мешано население,
  • Анголци - доселеници од Ангола,
  • Serviçais - работници од различни африкански држави,
  • Тонги - деца на работници од различни држави,
  • Европејци, особено португалци, и
  • азијци

Иако Сао Томе и Принсипе е мала држава таа има четори национални јазици: португалски јазик (официјален), португалски креолски јазик, форо јазик, анголски јазик и принсипенски јазик.


Скоро цело население на Сао Томе и Принсипе се христијани, поточно католици и протестанти.

Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Сао Томе и Принсипе.


Културата во Сао Томе и Принсипе е мешавина на африкански и европски елементи.

Сао Томе е познат по усуата, додека Принсипе по деша ритамот. Чилоли е музички танц кој изразува праматична приказна.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Влада
Општо
Вести
Туризам
Други

Наводи[уреди]