Бурунди

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Бурунди
Republika y'u Burundi
République du Burundi
Знаме Грб
Гесло"Ubumwe, Ibikorwa, Iterambere"  (рунди)
"Unité, Travail, Progrès"  (француски)
"Единство, Работа, Прогрес" 1
ХимнаBurundi bwacu
Главен град Буџумбура
3°30′ ЈГШ 30°00′ ИГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик рунди, француски
Демоним Бурунѓанец
Уредување република
 -  Претседател Пиер Нкурунзиза
Независност од Белгија 
 -  Датум 1 јули 1962 
Површина
 -  Вкупна 27,830 км2 (145-та)
 -  Вода (%) 7.8%
Население
 -  Попис 1978 3.589.434 
 -  Густина 271 жит/км2 (43-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $3.094 милијарди[1] 
 -  По жител $389[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $1.097 милијарди[1] 
 -  По жител $138[1] 
Џини (1998) 42.4 (среден
ИЧР (2007) 0.413 (низок) (167-ма)
Валута Бурундски франк (FBu) (BIF)
Часовен појас CAT (UTC+2)
 -  (ЛСВ) н/п (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .bi
Повик. бр. 257
1. Пред 1966, "Ганза Сабва".

Бурунди (рунди: Burundi) или официјално Република Бурунди (Republika y'u Burundi) е мала држава во Источна Африка без излез на море. Државата се граничи со Руанда на север, Танзанија на исток и југ и со Демократска Република Конго на запад. Бурунди има вкупна површина од 27.830 километри квадратни со население од околу 8.700.000 жители. Главен град на државата е Буџумбура. Иако нема излез на море, Бурунди излегува на езерото Тангањика.

Уште од пред пет века, територијата на Бурунди била населена од етничките групи Тва, Туци и Хуту. Преку двесте години Бурунди било владеено од Кралството Туци, но на почетокот на 20 век, Германија и Белгија ја окупирале територијата, вклучително и Руанда и таа била позната како колонија Руанда-Урунди.

Целиот регион бил во немири поради социјалните разлики помеѓу Туци и Хуту, што резултирало со граѓанска војна. Денес Бурунди е претседателска република. Државата е една од 10 најсиромашни држави во светот според приходот по глава на жител.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Бурунди.

Според изворите, се смета дека на територијата на денешен Бурунди била населена уште пред околу 70.00 години[2], каде опстојувало племето Туа. Подоцна на овие простори живеела друга етничка група, позната како Хуту, која со текот на времето се преврнала во најголемо племе во реонот[3][4] . Во текот на својата историја, од ова племе се развиле голем број на кралства кои постоеле до 15 век, кога се појавило племето Тутси[5] . Ова племе го создало и основало кралството Бурунди,[6] кое во текот од 1796 до 1850 година, во времето на Нтара Ругама доживеало големо проширување.[7][4] Кон крајот на 19 век истото се распаднало.[6]

Во текот на 1899 година, Бурунди била освоена од страна на Германија, колонизирана и вклулена во составот на Германска Источна Африка.[8] Во 1916 година, во времето на Првата светска војна, земјата била заземена од Белгија.[9] Во 1923 година Бурунди и Руанда станале белгиски територии под името Руанда-Буринди.[8][10]По крајот на Втората светска војна, Белгија дозволила создавање на политички партии во земјата. Така биле основани две политички фракции: Унија за Национален прогрес и Христијанска Демократска партија. На 27 јуни 1962 година, ООН и го одземал имунитетот на Белгија врз Руанда-Бурунди, за да на 1 јули 1962 година Бурунди била прогласена за независна држава, како уставна монархија.[9][11] По четири години земјата биле претворена во република. Во 1993 година се провеле првите демократски избори, по кое земјата била воведена во граѓанска војна помеѓу некогашните племиња Хуту и Тутси. Во тој конфликт загинале 300.000 луѓе за само една година.[12]

Географија и клима[уреди]

Карта на Бурунди.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Бурунди.

Бурунди е една од најмалите држави во Африка која нема излез на море и е со екваторска клима. Државата се наоѓа во Долината на големите езера, поточно на големо плато. Средна надморска височина на државата е 1.700 m со пониски предели до границите. Највисокиот врв е Монт Хеха е со 2.690 m.[13] и се наоѓа јужно од главниот град Буџумбура.

Главна река во Бурунди е Нил[14] Исто така, главен извор на вода е и езерото Викторија. Во југозападниот дел од земјата се наоѓа и езерото Тангањика.

Пределите на Бурунди се претежно земјоделски или се пасишта. Голем дел од пределите каде има населени места шумите исчезнуваат и настанува ерозија на земјата. [15] Како главен фактор за оваа појава е големиот број на население на земјата.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Бурунди.

Политичкиот систем на Бурунди е претседателска република која се ослонува на повеќепартискиот систем. Претседателот на Бурунди е шеф на држава и шеф на влада. Во моментов во Бурунди има 21 политичка партија. На 13 март 1992, лидерот на Туци, Пиер Бујоја основал нов устав на Бурунди[16] кој овозможил да се создаде повеќепартискиот систем.[17]

Законодавната власт на Бурунди е дводомен парламент: транзиционалното собрание и сенатот. Транзиционалното собрание се состои од 170 членови. Според уставот, во собранието може да имаат пратенички места следните групи: 60% од пратеничките места се за Хуту, 40% за Туци, 30% за жени и три за Батва.

Административна поделба[уреди]

Провинциите на Бурунди.

Бурунди е поделено на 17 покраини , 117 општини и 2.638 колини или врвови,[18]

Покраините на Бурунди се:

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Бурунди.

Бурунди е една од најсиромашните држави во светот. Ваквата состојба е како резултат на делумно неповолната географска положба, слаб правен систем, слабо образование и големата застапеност на болеста СИДА. Околу 80% од населението живее во сиромаштија.[19] Низ текот на 20 век честа појава биле гладтта и недостатокот на исхрана и според Светстката програма за храна, 56.8% од децата гладуваат. [20] Исто така според задоволството на живеење Бурунди е меѓу последните држави во светот. [21] Според тоа, Бурунди е зависна од странска помош.

Најголема индустрија во земјата е земјоделството, кое зазема 58% од вкупниот БНП. Најголем извор на приход е кафето што е 93% од вкупниот извоз на државата. [22] Други земјоделски култури се памук, чај, пченка, банани и друго. Официјална валута е Бурундски франк и 1.184 франк во 2008 бил еднаков на еден американски долар.

Население, јазик и религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Бурунди.
Бурундски жени при молзење кози.
Религија во Бурунди[23]
религија процент
Католицизам
  
65%
Анимизам
  
23%
Ислам
  
10%
Протестантсво
  
5%

Според проценка од 2008 година, Бурунди имало население од 8.691.005 жители. На демографската слика на Бурунди директно влијае боласта СИДА, но и голем број на Буринѓани се преселиле во странство како последица од граѓанската војна, така на пример САД примиле 10.000 Бурунѓани[24]

Поголем број Бурунѓани живеат во рурални средини и околу шест проценти од населението живее во урбаните средини.[25] Густината на населението на Бурунди е 315 жители на метар квадратен. Околу 85% од населението се Хуту, 15 % се Туци и мал број има Твас.[26]

Според изворите за демографската структура на Бурунди, 70 % од населението се Христијани од кои католиците се 65 %, додека 5% се протестанти и англиканци. Покрај христијанството, втора најголема религија е локалната религија. Муслиманите се застапени со 10% од вкупното население.[27]

Официјални јазици во државата се рунди (кирунди) и француски, но се зборува и свахили.

Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Бурунди.

Културата на Бурунди се базира на локалната традиција и на влијанието на околните држави. Бидејќи полјоделството е главна индустрија во земјата, исхраната во Бурунди воглавно се состои од компир, пченка и грашок. Поради недостатокот на финансиски средства, месото не е често застапено во исхраната. [28]

Главен елемент во културата е удирањето тапани и тоа е големо културно наследство. Покрај тапаните, танците се често придрижници на музиката за време на празници, прослави или културни настани.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Burundi“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/01/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=618&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=69&pr.y=0. конс. 22 април 2009. 
  2. Gates, H., Africana, p. 338.
  3. Gates, H., Africana, p. 338–9.
  4. 4,0 4,1 Eggers, E., Historical Dictionary of Burundi, p. l.
  5. Gates, H., Africana, p. 339.
  6. 6,0 6,1 „Burundi - Political System and history“. Institute for Security Studies. February 2005. http://www.iss.co.za/af/profiles/burundi/politics.html. конс. 8 јуни 2008. 
  7. Eastern Africa, 1600–1800 a.d.
  8. 8,0 8,1 CIA - The World Factbook - Burundi CIA. Retrieved 8 јуни, 2008.
  9. 9,0 9,1 Burundi. U.S. Department of State. February 2008. Retrieved 8 јуни, 2008.
  10. Weinstein, W., Political Conflict and Ethnic Strategies, p. 5.
  11. Cook, C., What Happened Where, p. 281.
  12. BBC, Country profile Burundi. Available from http://news.bbc.co.uk/2/hi/africa/country_profiles/1068873.stm (accessed on 29-10-08)(1)
  13. O'Mara, Michael. Facts about the World's Nations. Bronx, New York: H.W. Wilson, 1999. p. 150. ISBN 0-8242-0955-9
  14. By Ash, Russell. The Top 10 of Everything. New York, New York: Sterling Publishing Company, Incorporated, 2006. ISBN 0-600-61557-X
  15. Bermingham, Eldredge, Christopher W. Dick, and Craig Moritz. Tropical Rainforests: Past, Present, and Future. Chicago, Illinois: University of Chicago Press, 2005. p. 146. ISBN 0-226-04468-8
  16. Burundi. International Center for Transitional Justice. Retrieved on 27 јули, 2008.
  17. Burundi – Politics. From "The Financial Times World Desk Reference". Dorling Kindersley. 2004. Prentice Hall. Retrieved on 30 јуни, 2008.
  18. Kavamahanga, D. Empowerment of people living with HIV/AIDS in Gitega Province, Burundi. International Conference on AIDS 2004. 15 јули, 2004. NLM Gateway. Retrieved on 22 јуни, 2008.
  19. Burundi Population. Institute for Security Studies. Retrieved on 30 јуни, 2008.
  20. Where We Work – Burundi. World Food Programme. Retrieved on 30 јуни, 2008.
  21. White, A. (2007). A Global Projection of Subjective Well-being: A Challenge to Positive Psychology? Psychtalk 56, 17–20. Retrieved 8 јуни, 2008.
  22. Dinham, B., Agribusiness in Africa, p. 56.
  23. CIA the World Fact Book
  24. Kaufman, Stephen. U.S. Accepting Approximately 10,000 Refugees from Burundi. 17 октомври, 2006. U.S. Department of State. Retrieved on 30 јуни, 2008.
  25. MacDonald, F., Peoples of Africa, p. 62.
  26. Eggers, E., Historical Dictionary of Burundi, ix.
  27. U.S. Department of State
  28. Eating the Burundian Way. Cultural Profiles Project. Citizenship and Immigration Canada. Retrieved 30 јуни, 2008.

Користена литература[уреди]

  • Allen, J.A.; et al. (2003). „Africa South of the Sahara 2004: South of the Sahara“. New York, New York: Taylor and Francis Group. ISBN 1857431839. 
  • Cook, Chris; Diccon Bewes (1999). „What Happened Where: A Guide to Places and Events in Twentieth-Century“. London, England: Routledge. ISBN 1857285336. 
  • Dinham, Barbara; Colin Hines (1984). „Agribusiness in Africa“. Trenton, New Jersey: Africa World Press. ISBN 0865430039. 
  • Eggers, Ellen K. (2006). „Historical Dictionary of Burundi“. Lanham, Maryland: Scarecrow Press, Incorporated. ISBN 0810853027.  3rd. edition.
  • Gates, Henry Lewis; Anthony Appiah (1999). „Africana: The Encyclopedia of the African and African American Experience“. New York, New York: Basic Civitas Books. ISBN 0465000711. 
  • Jessup, John E. (1998). „An Encyclopedic Dictionary of Conflict and Conflict Resolution, 1945–1996“. Westport, Connecticut: Greenwood Publishing Group. ISBN 0313281122. 
  • Krueger, Ambassador Robert.; Kathleen Tobin Krueger (2007). „From Bloodshed to Hope in Burundi: Our Embassy Years during Genocide“. Austin, Texas: University of Texas Press. ISBN 0292714866. 
  • MacDonald, Fiona; et al. (2001). „Peoples of Africa“. Tarrytown, New York: Marshall Cavendish. ISBN 0761471588. 
  • Puddington, Arch (2007). „Freedom in the World: The Annual Survey of Political Rights and Civil Liberties“. Syracuse University: Lanham, Maryland. ISBN 0742558975. 
  • Weinstein, Warren; Robert Schrere (1976). „Political Conflict and Ethnic Strategies: A Case Study of Burundi“. Syracuse University: Maxwell School of Citizenship and Public Affairs. ISBN 0915984202. 
  • Weinstein, Warren (2006). „Historical Dictionary of Burundi“. Metuchen, New Jersey: Scarecrow Press, Incorporated. ISBN 0810809621.  1st. edition.

Понатамошни информации[уреди]

  • Chrétien, Jean-Pierre The Great Lakes of Africa: Two Thousand Years of History
  • Krueger, Robert and Krueger, Kathleen From Bloodshed to Hope in Burundi: Our Embassy Years during Genocide
  • Lemarchand, Rene Burundi: Ethnic Conflict and Genocide
  • Nivonzima, David and Fendell, Len Unlocking Horns: Forgiveness and Reconciliation in Burundi
  • Uvin, Peter Life After Violence: A People's Story of Burundi

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]