Историја на Бурунди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот за Бурунди

Историја на Бурунди

Coat of arms of Burundi.svg

Рана историја
Кралство Бурунди
Војна за независност
Независност
Бурунди

Портал:Бурунди

Според изворите, се смета дека на територијата на денешен Бурунди била населена уште пред околу 70.00 години[1], каде опстојувало племето Туа. Подоцна на овие простори живеела друга етничка група, позната како Хуту, која со текот на времето се преврнала во најголемо племе во реонот[2][3] . Во текот на својата историја, од ова племе се развиле голем број на кралства кои постоеле до 15 век, кога се појавило племето Тутси[4] . Ова племе го создало и основало кралството Бурунди,[5] кое во текот од 1796 до 1850 година, во времето на Нтара Ругама доживеало големо проширување.[6][3] Кон крајот на 19 век истото се распаднало.[5]

Во текот на 1899 година, Бурунди била освоена од страна на Германија, колонизирана и вклулена во составот на Германска Источна Африка.[7] Во 1916 година, во времето на Првата светска војна, земјата била заземена од Белгија.[8] Во 1923 година Бурунди и Руанда станале белгиски територии под името Руанда-Урунди.[7][9]По крајот на Втората светска војна, Белгија дозволила создавање на политички партии во земјата. Така биле основани две политички фракции: Унија за Национален прогрес и Христијанска Демократска партија. На 27 јуни 1962 година, ООН и го одземал имунитетот на Белгија врз Руанда-Бурунди, за да на 1 јули 1962 година Бурунди била прогласена за независна држава, како уставна монархија.[8][10] По четири години земјата биле претворена во република. Во 1993 година се провеле првите демократски избори, по кое земјата била воведена во граѓанска војна помеѓу некогашните племиња Хуту и Тутси. Во тој конфликт загинале 300.000 луѓе за само една година.[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gates, H., Africana, p. 338.
  2. Gates, H., Africana, p. 338–9.
  3. 3,0 3,1 Eggers, E., Historical Dictionary of Burundi, p. l.
  4. Gates, H., Africana, p. 339.
  5. 5,0 5,1 „Burundi - Political System and history“. Institute for Security Studies. February 2005. http://www.iss.co.za/af/profiles/burundi/politics.html. посет. 8 јуни 2008 г. 
  6. Eastern Africa, 1600–1800 a.d.
  7. 7,0 7,1 CIA - The World Factbook - Burundi CIA. Retrieved 8 јуни, 2008.
  8. 8,0 8,1 Burundi. U.S. Department of State. February 2008. Retrieved 8 јуни, 2008.
  9. Weinstein, W., Political Conflict and Ethnic Strategies, p. 5.
  10. Cook, C., What Happened Where, p. 281.
  11. BBC, Country profile Burundi. Available from http://news.bbc.co.uk/2/hi/africa/country_profiles/1068873.stm (accessed on 29-10-08)(1)