Прејди на содржината

Историја на Зимбабве

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата Зимбабве

Историја на Зимбабве

Рана историја
Колонизација
Родезија
Независност
Зимбабве

Портал:Зимбабве

Едни од најстарите народи кои живееле на денешната територија на Зимбабве (тогаш Родезија) биле Пигмејците. Во текот на VIII век, тие се помешиле со типичните земјоделски народи по име шона, дел од народите банту, кои започнале да добиваат злато и мед од богатите семејства во регионот. Во текот на XV век на овие простори била формирана империјата Мономотапа, која била главната територија која што ги контролирала реоните со злато, кое пак главно било продавано на арапите и португалците. Во следниот XVI век, империјата се распаднала на четири дела, по кое следувале многубројни конфликти и граѓански војни. Во меѓувреме дошле и португалските трговци, а со тоа и армијата на Португалската империја. Во почетокот империјата на Португалците не бележиле којзнае какви успеси, за да сепак кон XVIII век испее да ја наложи својата моќ. Во 1911 годфина била основана јужна Родезија а како британска колонија била официјално објавена во 1923 година. Во 1912 година, т.н. бели колонизатори се откажале од намерата да се приклучат кон јужноафриканскиот сојуз. По крајот на Втората светска војна, бројот на белото население драстичо се зголемило. Во периодот од 1953 до 1963 година, Јужна Родезија била дел од федерацијата на Родезија и Њесаленд. По распаѓањето на федерацијата, формално била објавена независноста на земјата, која од 1965 година била преименувана во Родезија.[1][2] По изгласувањето на републиканскиот устав од 1970 година, врските со Велика Британија биле прекинати. По ова следувала осудата од страна на ООН за расизам|расистичката политика на власта. Земјата ги подобрила односите со Јужна Африка, чиоја цел била да излезе од политичката изолација. Од друга страна пак, црното население започнало да формира политички движења. Следувале повторните економски санкции и избувнување на партизански акции, кое го принудило премиерот да си поднесе оставка. Во 1977 година, за нов премиер на земјата бил избран Музорева, но граѓанските конфликти продолжиле. Во негово време земјата била преименувана во Зимбабве-Родезија. Во 1979 година во Лондон се провела конференција на која било подготвено прогласуувањето на независност на земјата. Следната година била прогласена независноста, а на власт дошле социјалистите. Во 1988 година во земјата бил воведен еднопартиски систем.

  1. Williams, Lizzie (2005). Africa Overland. стр. 169–170.
  2. Pakenham, Thomas (1992). Scramble for Africa: White Man's Conquest of the Dark Continent from 1876 to 1912. стр. 669.