Историја на Маврициус
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Островот бил познат од страна на Арапите и Австронезиците уште во 10 век. Португалците за првпат го посетиле островот во 1507 година и го оставиле ненаселен. Три брода од холандската морнарица кои тргнале низ Индискиот Океан биле случајно упатени кон Маврициус и пристигнале на островот во 1598. Тие го именувале островот според Принцот Морис Орански. Во 1638 Холанѓаните за првпат основале населено место. Неколку декади подоцна, холанѓаните го напуштиле островот и Франција го зазела под своја контрола во 1715. Островот станал просперитетна колонија на Француската источноиндиска компанија. Во 1767 година француската влада целосно ја зазела управата над островот, а островот бил претежно користен како база во времето на Наполеоновите војни. Во 1810 година островот бил заземен од страна на Велика Британија. Францускиите институции на островот биле сочувани, а францускиот јазик и денес е пораспространет од англискиот јазик. Земјата својата независност ја добила во 1968 година.
| ||||||||||||||||||