Историја на Камерун
Дел од темата Камерун |
Портал:Камерун |
Според изворите,.[1] територијата на денешната држава Камерун била населена уште во времето на неолитот. На овие простори живееле племето Бака односно Пигмејците кои живееле на овие простори најрано за разлика од останатите земји и племиња во Африка.[1] Овие племиња главно живееле на источните и јужните провинции, главно во шумите. Во текот на 5 век и 15 век, на овие простори опстојувала цивилизацијата на племето Сао, која постепено била асимилирана од страна на Канемска империја.[2]
Во текот на 1472 година, за првпат португалските трговци и морепловци престигнале на бреговите на денешен Камерун. Тие во своите патешествија ја опишале флората и фауната на река Бури, нарекувајќи ја Рио Дос Камароеш. Се смета дека името на денешната земја доаѓа од оваа фраза. Кон почетокот на 1800-тите, народот Фулани успеал да го освои поголемиот дел од денешен северен Камерун. Во следните години, европските трговци успеале да ја наметнат својата моќ на овие простори. Населението, како и кај другите африкански земји, главно било користено за трговија со ровоби, кое главно служело за немените на Јужна Америка. Во текот на 1884 година, Камерун станал колонија на Германското Царство, која го дала почетокот на развојот на земјата, подобрувајќи ја инфраструктурата на земјата, но во исто време користејќи го трудот на месното население.[1] По поразот на Германија во Првата светска војна во 1919 година, Камерун бил разделен помеѓу победителите од војната, Франција и Велика Британија. Франција го продолжил економскиот развој на земјата подобрувајќи ја исто така инфраструктурата на земјата,[1] Слично како и претходните власти, така и француските, месното население повторно го користеле за своите потреби. Од друга страна пак, Велика Британија својата територија на Камерун ја управувала од денешна Нигерија. Нигериските работници биле испраќани во јужниот дел на Камерун, кое дополнително предизвикувало незадоволство помеѓу месното население.[1]
Својата независност Камерун ја добил од Франција на 1 јануари 1960 година. Прв претседател на земјата станал Ахмаду Ахиџо. Следната година, на 1 октомври 1961 година, британскиот дел на Камерун исто така добил независност, по кое двата дела формирале Федерална Република Камерун. Ахмаду Ахиџо, кој бил од партијата Камерунски национален сојуз, имал идеја да ги искористи идеите на комунизмот и капитализмот истовремено. Во следните години, земјата доживеала определен економски развој. На 4 ноември 1982 година, за нов претседател на земјата бил избран Пол Бија од Народното демократско движење на Камерун. За разлика од своите претходници, тој се стремил кон подемократско управување. Сепак во негово време, земјата доживеала економски регрес. Во 1990 година, од една група на граѓани била создадена нова република под името Амбазонија. Следувале години на конфликти и анархија.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|