Историја на Габон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Габон

Историја на Габон

Coat of arms of Gabon.svg

Рана историја
Француска улога
Независност
Габон

Портал:Габон

Најраното население кое живеело на територијата на денешен Габон се Пигмејците. Но, тие многу бргу биле потчинети од страна на племето Банту, во времето на нивните миграции. Така, неколку групи од племето Банту се населиле во Габон. Португалските трговци на бреговите од земјата пристигнале некаде околу 15 век. Брегот потоа станал центар за трговија со робови, главно наменети за потребите на Франција, Холандија и Англија. Во 1885 година Габон бил заземен од страна на Франција. Во 1910 година земјата станала дел од Фрнацуската Екваторска Африка, која постоела до 1959 година. Својата независност земјата ја добила на 17 август 1960 година.

По добивањето на независност, во земјата биле формирани две политички партии: демократи и социјалисти. Во првите слободни избори, што се одржале под парламентарен систем, ниту една страна не била во состојба да освои мнозинство; лидерите потоа се согласиле да формираат заедничка влада.