Историја на Намибија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знаме на земјата

Според археолошките истражувања, се смета дека територијата на денешна Намибија била населена уштењ од најрани времиња. Во античко време на овие простори живееле Бушманите, племињата Дамара и Мамака. Во текот на 14 век, сите овие племиња биле преполовени од страна на народите Банту. Подоцна овие територии биле населени од европските колонизатори. Во 1878 година, Велика Британија регионот околу Волфиш Беј го објавил за своја територија, вклучувајќи го во ’Ртската Колонија. Во 1883 година Адолф Лудерик го купил крајбрежјето на денешната земја. По преговорите помеѓу Германија и Велика Британија било одлучено бреговите да припаднат на Германците со исклучок на Волфиш Беј. Оваа теритоија била позната под името Германска Југозападна Африка.[1] Првото позначајно востание кое било подигнато во денешна Намибија се случило во 1903 година под раководство на Самуел Махареро. Во почетокот староседелците имале добри резултати, но по испраќањето на голема германска војска, тие претрпиле голем пораз, и голем број на црнци биле или убиени или прогонети во денешна Боцвана. По крајот на ова востание се случило и поредниот бунт. Немирите продолжиле до 1907 година кога бил постигнат мир. Во тој конфликт се смета дека загинале околу 40.000 луѓе. Во времето на Првата светска војна, Јужноафриканскиот сојуз успеал да ја зазеде Намибија. Во 1920 година земјата добила право да ја контролира територијата на Југозападна Африка од страна на Лигата на народите. Во 1966 година Југозападниот африкански фронт започнал борба за независност на ЈАР, кои главно имале поддршка од Советскиот Сојуз. Од тој период, Југозападна Африка започнала да се нарекува Намибија. Меѓународната заедница не го признавала правото на ЈАР да ги контролира овие области. На 21 март 1990 година, во присуство на Генералниот секретар на ООН и претседателот на ЈАР, земјата била прогласена за независна држава.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „German South West Africa“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 2008-04-15. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)