Историја на Мароко

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Мароко

Историја на Мароко

Flag of Morocco 1147 1269.svg

Рана историја
Тингитанска Мавританија
Исламизација
Француски Мароко
Независност
Мароко

Портал:Мароко

Во текот пред околу 8.000 години, на просторот на денешен Мароко опстојувала т.н. Капсиска култура. Тогаш, Магреб не бил толку сув како што е денеска, и климата била поблага, која дополнително помагала за развој на човечката култура.[1] Во текот на 12 век п.н.е. во Мароко живееле фенекијците, кои создавале голем број на пристаништа кои главно биле наменети за снабдување на фенекиските градови со сол и руда.[2] Во тоа време, берберите веќе живееле во поголемиот дел од Северна Африка. Картагина воспоставила добри трговски односи и соработка со Фенекија. До 2 век п.н.е. на територијата на Северна Африка, а со тоа и на Мароко, постоеле неколку берберски царства кои биле зазимани од страна на Картагина и Римската империја. Во 40 година, Римјаните успеале да ја анексираат денешната територија на Мароко, формирајќи ја провинцијата Тингитанска Мавританија. Во следните години започнало да се распространува христијанството по овие земји. Во текот на 5 век, Римксата империја ја изгубила провинцијата, и таа била под чести напади од страна на Визиготите, Византијци, Вандали и др. Кон крајот на 7 век, од истокот престигнале арапските освојувачи и го донеле исламот.

Во 11 век подрачјето станало дел од територијата на Алмохадската династија. Во текот на 16 век, Мароканците успеале да се одбранат од обидот на европските и османлиските освојувачи и колонизатори, кои претходно веќе го имале освоено Алжир, и на тој начин создале свој сопствен идентитет. Во 1666 година локалниот владетел Ар-Рашид го зазел Фес, а подоцна и поголемиот дел од мароканската земја, по кое го дал почетокот на династија Алави, која владее до денес. Во 1830 година, Французите го освоиле соседниот Алжир, но Мароко останал независен до почетокот на 20 век кога Велика Британија им го препуштила Мароко на француските освојувачи. Кон француското освојување на Мароко најмногу се противела Германија, па дипломатските кризи помеѓу двете земји за малку ќе прераснеле во војна. Во 1912 година Мароко станал француски протекторат под формална управа на султанот. Северниот дел од земјата бил под управа на Шпанија, а градот Тангер станал т.н. меѓународен град. Градот Казабланка станал најголениот град во земјата, индустриски и економски развиен, а Рабат станал престолнина.

По крајот на Втората светска војна, обидите за независност на Мароко продолжиле, но Франција ги преземала секогаш сите мерки за да го скроти истото. Сепак, во втората половина на 1950-тите Франција морала да попушти и Мароко во 1956 година станал независна монархија, а следната година султанот Мохамед бил прогласен за крал.[3]Во периодот од 1961-1999 година, во Мароко владеел Хасан II од Мароко. Земјата, за разлика од многу други арапски земји, останал на страната на капиталистите во времето на Студената војна. Во 1976 година, Хасан заедно со Мавританија ја зазел соседна Западна Сахара, поранешната шпанска колонија. Во текот на 1990-тите земјата го започнала процесот на целосна демократизација.

Наводи[уреди]

  1. D. Rubella, Environmentalism and Pi Paleolithic economies in the Maghreb (ca. 20,000 to 5000 B.P.), in, J.D. Clark & S.A. Brandt (eds.), From Hunters to Farmers: The of Food Production in Africa, Berkeley: University of California Press, pp. 41-56
  2. „C. Michael Hogan, Mogador: Promontory Fort, The Megalithic Portal, ed. Andy Burnham“. Megalithic.co.uk. http://www.megalithic.co.uk/article.php?sid=17926. конс. 31 јануари 2010. 
  3. http://www.spiritus-temporis.com/1956/