Историја на Република Конго

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Република Конго

Историја на Република Конго

Flag of the Republic of the Congo.svg

Рана историја
Колонизација
Француски Конго
Независност
Република Конго

Портал:Република Конго

Најраните жители кои живееле на територијата на денешен Конго биле мали народи кои подоцна во голема мера биле раселени и апсорбирани од народот Банту, за време на нивната експанзија. Старата култура од овие простори дошла под големо влијание на европските колонизатори, по првото престигнување на португалските трговци. Овие простори за португалскиот крал биле од голема важност, главно поради затворениот средоземноморски пат од страна на Отоманската империја и Вецијанската република. Ова бил единствениот начин за престигнување и тргување со далечните земји од Азија. Кон крајот на 15 век, во периодот од 1482-1483 година, португалската експедиција за прв пат се сретнала со властите на Кралство Конго, предводени од страна на капетанот Диого Као.[1][2]Во почетокот, односите помеѓу двете земји биле добри и корисни за двете земји. Во следниот период следувала христијанизацијата на местното население. Кралот Нзинга станал првиот христијански крал под името Жоао I од Конго. Во времето на неговиот син, во земјата христијанството било распространето и прифатено целосно, при кое биле изградени голем број на христијански цркви. Односите помеѓу двете кралства главно се влошиле по 1510 година. Со откривањето и колонизирањето на Бразил, потребите на Португалија се зголемиле во голема мера, главно потребите од трговија со робови. Притисокот на кралот на Конго се зголемил. Така, по жалбата на кралот на Конго кон неговиот португалски колега, и неговото одбивање, односите помеѓу двете земји се заостриле кои довеле до конфликт. Се проценува дека околу 300.000 робови од Конго биле изнесени за потребите на Португалија.

Во периодот од 15 век до 16 век, на територијата на денешен Конго постоеле две земји: Теке и Лоанго.[3] Во 1880 година, овие земји биле заземени од страна на француските колонијални сили. Така местото било наречено Француски Конго до 1910 година, кога станал дел од Француска Екваторијална Африка под името Середен Конго[4]. Бразавил бил избран за главен град. Економскиот развој во текот на првите 50 години од колонијално владеење на Конго, главно бил во центарот на искористување на природните ресурси. Во 1958 година била објавена автономија на Конго, а на 15 јули 1968 година била прогласена независноста на земјата. Во текот на јануари 1970 година, по десетгодишни преврати, на власт дошол Националниот револуционерен совет по кое земјата била објавена за народна република. Во текот на 1990 година бил изгласен нов устав на земјата и воведен повеќепартиски систем. Во 1992 година на власт дошле опозициските партии, по кое била објавена Република Конго за официјално име на земјата. Денеска, земјата е член на ООН и ОАЕ (Организација за африканско единство).

Наводи[уреди]