Јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Јануари или Коложег е првиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден. Според Јулијанскиот календар, месецот јануари почнува од 14 ден на Грегоријанскиот календар.

Потекло на зборот[уреди | уреди извор]

Богот Јанус со две лица

Јануари го добил името според грчкиот збор (Ιανουάριος) и латинскиот (-{Iānuārius}-). Наречен е според Римскиот бог Јанус, богот на сите почетоци, премини, куќни порти, Сонцето и светлината.

Името на првиот месец во годината води потекло од Римската митологија, од каде што потекнува и латински збор за порта - ianua. Јануари се сметал за порта кон остатокот од годината. Сепак во текот на историјата, јануари неколку пати си го променил своето официјално име. Така, долго време, во употреба бил саксонскиот назив Wulf-monath (со значење месец на волкот), како и кованицата на Карло Велики - Wintarmanoth (зимски / студен месец). На фински, јануари се вика tammikuu, што значи месец на дабот.

Јануари во другите словенски јазици[уреди | уреди извор]

Старото македонско име за месецот јануари е Коложег. Кај другите словенски и балкански јазици, најчесто се сретнува под имињата: Сечко, Сијечањ, Сичен, Леден, Просинец и сл.

Поважни Православни празници во јануари[уреди | уреди извор]

Јануари како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември