15 јули
Изглед
15 јули — 196-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (197-и во престапна година). Остануваат 169 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1099 | Во Првата крстоносна војна, Крстоносците го зазеле Ерусалим кој бил 461 година под власта на Фатимидите. Градот останал во христијански раце сè до 2 октомври 1187 година кога бил освоен од страна на Саладин и никогаш повторно не бил безусловно во христијански раце. |
| 1556 | Во Рим свечено е осветена грандиозната купола на црквата Свети Петар, што ја изгради прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум е земен како ден на раѓањето на барокот. |
| 1869 | Французинот Иполит Меж Морис го патентира маргаринот, прехранбен производ кој ќе треба да се обиде да го спречи масовниот глад меѓу сиромашните слоеви на населението. |
| 1965 | Американскиот вселенски брод Маринер 4 ги испрати првите снимки од планетата Марс. |
| 1968 | На линијата Москва-Њујорк воспоставена е првата директна авио-врска меѓу СССР и САД. Летовите почнуваат да ги изведуваат компаниите Аерофлот и Пан Америкен. |
| 1990 | Во Охрид е извршено осветување на новоизградената „Света Троица“. |
Родени:
Починале:
| 1291 | Рудолф I Хабсбуршки — германски цар и оснoвач на династијата на Хабсбурговците. |
| 1890 | Готфрид Келер — швајцарско-германски писател. |
| 1904 | Антон Павлович Чехов — руски раскажувач и драмски писател. |
| 1929 | Хуго фон Хофманштал — австриски писател. |
| 1939 | Зинаида Рајх - руска и советска глумица, сопруга на Сергеј Есенин и на Всеволд Меерхолд. |
| 1941 | Валтер Рутман — германски експериментален режисер. |
| 1941 | Аугуст Цесарец — хрватски писател. |
| 1944 | Вера Циривири - Трена — македонска партизанка, учесничка во напредното работничко движење и во НОБ. |
| 1997 | Џани Версаче — италијански моден творец. |