2 јули

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Јули 2016

2 јули е 183-иот ден во годината според григоријанскиот календар (184-и во престапна година). Остануваат 182 денови до крајот на годината.

Настани:

1853  Руската армија врши инвазија врз Турција - започнува Кримската војна.
1934  Завршува таканаречената Ноќ на долгите ножеви, операција што се одвивала во Германија од 30 јуни до 2 јули 1934, кога нацистичкиот режим се погрижил најмалку осумдесет и пет луѓе да бидат убиени од политички причини.
1937  Амелија Ерхарт исчезнува над Тихиот Океан додека се обидува да го изведе првиот лет околу светот по екваторот; нејзиното тело никогаш не е пронајдено.
1947  Објект за кој очевидци тврдат дека бил НЛО се срушува во Розвел, Ново Мексико.
1983  Полис го издаваат својот последен албум - Synchronicity, 17 недели на првото место на листата на најпродавани албуми во САД.
2000  Отворен е Ересундскиот мост, комбиниран дволентен железнички и четирилентен патен мост кој поминува низ Ересуднскиот канал, комбинација од мост и тунел кој ги поврзува Копенхаген Малме. Мостот е еден од најдолгите во светот.
2005  Во рамките на манифестацијата Live 8 се одржуваат десет концерти во различни градови во светот.

Родени:

1492  Елизабета Тјудор — ќерка на англискиот крал Хенри VII.
1486  Јакопо Сансовино — италијански вајар и архитект, прочуен по своите градби околу плоштадот Св. Марко во Венеција.
1714  Кристоф Вилибалд Глук — германски композитор и диригент.
1843  Антонио Лабриолаиталијански марксистички теоретичар.
1876  Тодор Паница — деец во македонското национално-револуционерно движење.
1877  Херман Хесегермански писател и Нобелов лауреат.
1903  Олаф Vкрал на Норвешка.
1904  Жан Рене Лакост — француски тенисер и претприемач.
1911  Михаил Д. Петрушевски, македонски академик.
1914  Богољуб Арсиќ, македонски полковник.
1923  Вислава Шимборска, полска поетеса и Нобелов лауреат.
1940  Георги Иванов, бугарски офицер (генерал-лејтенант).
1985  Јирген Рулантс, белгиски велосипедист.

Починале:

1566  Мишел Нострадамус - француски астролог и пророк.
1733  Кристијан Пецолд - германски композитор и органист.
1778  Жан-Жак Русо - француски философ.
1800  Виктор Луј - француски архитект.
1877  Херман Хесе - германски писател и поет.
1934  Ернст Рем - германски нацист и началник на СА.
1949  Георги Димитров - премиер на НР Бугарија.
1961  Ернест Хемингвеј - американски писател.
1977  Владимир Набоков - руски писател.
1989  Христо Стамболиев - еден од основачите и прв декан на Технолошко - Металургискиот факултет во Скопје.
1992  Борислав Пекиќ — српски писател.
1997  Џејмс Стјуарт - американски актер.
2001  Казимјеж Фелешко - полски полонист, македонист и славист.
2011  Оливера Марковиќ — југословенска и српска глумица.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември