7 јули
Изглед
7 јули — 188-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (189-и во престапна година). Остануваат 177 денови до крајот на годината. Предлошка:Јули 2026
Настани
[уреди | уреди извор]| 1937 | Јапонската армија го напаѓа кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротивставуваат, па Јапонија тоа го искористува како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна трае сè до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година. |
| 1969 | Во Канада, прифатен е Актот за службен јазик според кого францускиот јазик станува еднаков со англискиот јазик. |
| 1985 | Борис Бекер станува првиот нерангиран играч, најмладиот тенисер (дотогаш), како и првиот Германец што го освојува Вимблдон, на возраст од само 17 години и 7 месеци. |
| 2000 | Целиот тираж на Хари Потер и Огнениот Пехар, четвртото продолжение на авантурите на малиот волшебник, е распродаден уште во претплата, пред и воопшто да биде испечатено делото. |
| 2005 | Се случува серија од терористички напади на Лондонското метро, во кое убиени се 52 луѓе, меѓу кои и четворицата бомбаши-самоубијци. |
Родени
[уреди | уреди извор]| 1690 | Јохан Тобијас Кребс — германски композитор. |
| 1860 | Густав Малер — австриски композитор. |
| 1887 | Марк Шагал — руско-француски сликар. |
| 1893 | Владимир Мајаковски — руски писател. |
| 1893 | Мирослав Крлежа — хрватски писател. |
| 1901 | Виторио де Сика — италијански режисер. |
| 1907 | Ита Рина — словенечка и српска глумица. |
| 1921 | Васко Карангелески — народен херој на Македонија. |
| 1921 | Езард Чарлс — американски боксер. |
| 1921 | Драгомир Фелба — српски и југословенски глумец. |
| 1922 | Пјер Карден — италијанско-француски моден творец. |
| 1926 | Радка Кушлева — бугарска народна пејачка. |
| 1930 | Хенк Мобли — американски џез-музичар. |
| 1932 | Џо Завинул — австриско-американски џез-музичар. |
| 1940 | Ринго Стар — тапанар на британската рок-група Битлси. |
| 1954 | Рами Фортис — израелски рок-музичар, член на групата Минимал компакт (Minimal Compact). |
| 1957 | Бери Сахаров — израелски рок-музичар, член на групата Минимал компакт. |
| 1959 | Муса Џафери — македонски политичар и член на ОНА. |
| 1967 | Сашо Мацановски - Трендо — македонски телевизиски водител и стопанственик. |
| 1974 | Наталија Тодоровска — македонска ракометарка. |
| 1975 | Захар Прилепин — руски писател. |
| 1978 | Крис Андерсен — американски кошаркар. |
| 1984 | Алберто Аквилани — италијански фудбалер. |
| 1999 | Муса Диаби — француски фудбалер. |
Починале
[уреди | уреди извор]| 1304 | Бенедикт XI — римски папа. |
| 1307 | Едвард I — англиски крал. |
| 1573 | Џакомо Бароци да Вињола — италијански архитект. |
| 1854 | Георг Ом — германски физичар. |
| 1890 | Анри Нестле — основач на „Нестле“. |
| 1907 | Телос Агапинос — офицер во грчката армија. |
| 1914 | Дејвид Брајан — американски филмски глумец. |
| 1923 | Таската Серски — македонски револуционер. |
| 1930 | Артур Конан Дојл — шкотски писател. |
| 1965 | Вероника Тушнова — советска и руска поетеса. |
| 1972 | Атинагора — цариградски патријарх. |
| 1973 | Вероника Лејк — американска глумица. |
| 2004 | Владо Кристл — хрватски и германски сликар и филмски режисер. |
| 2006 | Сид Берет — англиски рок-музичар, член на групата „Пинк флојд“. |
| 2011 | Мануел Галбан — кубански гитарист. |
| 2014 | Бора Тодоровиќ — српски и југословенски глумец. |
| 2014 | Алфредо Ди Стефано — аргентинско-шпански фудбалер и тренер. |
| 2021 | Дилип Кумар — индиски глумец. |