Телос Агапинос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Telos-Agras.JPG
Роден 1880
Навплио, Грција
Починал 7 јули 1907
меѓу Владово и Теово, Воденско

Саранделос Агапинос (Сарандос или Телос) (Σαραντέλος, Σαράντος Αγαπηνός), познат и како Телос Аграс (Τέλλος Άγρας) — офицер во грчката армија и еден од главните грчки водачи во Борбата за Македонија [1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Грчката андартска чета на капетан Аграс (Телос Агапинос) и Никифорос Јоанис Деместихас кај Ениџевардарското езеро.

Телос Аграс е роден во 1880 година во Навплио во Арголида, Грција, а корените му биле од Месенија, каде неговите предци играле важна улога во Грчката војна за независност. Се запишал на грчката академија, а од таму си заминал во 1901 година со чинот лејтант на грчката армија.

По смрта на Павлос Мелас во 1904 година се вклучил во Елиномакедонскиот комитет.

Во септември 1906 година влегол во Македонија со чета од 14 души. Се утврдил во близината на Ениџе Вардарското езеро каде што со помошта на богатиот трговец Зафирис Логос и Антонис Мингас од Негуш настапувал во околината на ениџевардарско. Месниот андартски војвода Гоно Јотов ги кординирал своите акции со Аграс и другите капетани.

На 14 ноември 1906 година кај Жервохор, Аграс и неговата чета биле нападнати од Апостол Петков, при судирот загинале 9 андарти, а Аргас бил ранет по што морал да замине на лекување во Солун.

Тој ја продолжил својата дејност во реонот, но по неколку месеци неговото здравје се влошило и се разболел од маларија. Капетанот Акритас (Константинос Мазаракис) го испратил Аграс во Негуш каде што почнал да прибира нови андарти за четатат на сменетиот капетан (Николаос Думбиотис).

Воденската чета на Македонската револуционерна организација ја разбила андартската чета на Телос Аграс. Од сите заробени само Телос Аграс и неговиот курир Антониос Мингас биле обесени на дрво меѓу селата Теово и Владово.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, изд. на Илинденската Организация, София, 1943

Литература[уреди | уреди извор]

  • Dakin, Douglas: "The Greek Struggle in Macedonia 1897-1913" Thessaloniki, 1966 ISBN 960-8303-2-6
  • Vakalopoulos, Apostolos: "History of the Greek Nation 1204-1985"
  • Archives of the Macedonian struggle of Penelope Delta, Thessaloniki, 1959
  • Mazarakis-Ainian, Konstantinos: "The Macedonian Struggle"

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]