Ениџевардарско Езеро
Ениџевардарско Езеро Λίμνη Γιαννιτσών | |
---|---|
Карта на Ениџевардарското Езеро | |
Координати | 40°41′N 22°23′E / 40.68° СГШ; 22.39° ИГД |
Сливни земји | Грција |
Површина | 160−180 км2 |
Ениџевардарско Езеро (Пазарско Езеро или Пазарско Блато; грчки: Βάλτος Γιαννιτσών, Λίμνη Γιαννιτσών) — поранешно езеро или блато во Ениџевардарско, југоисточна Егејска Македонија, денес во Грција. Припаѓа на групата на Егејските езера. Наречено е по градот Пазар (Ениџе Вардар) крај кој се наоѓало.
Особености
[уреди | уреди извор]Езерото се наоѓало во низинско подрачје на 8 км јужно од градот Пазар и опфаќало 160–180 км2. Езерото имало неправилeн триаголен облик, исдолжено во југозападен правец. Се образувало од водите на реките Мегленица и Колудеј, како и од пролетните водотеци на планината Пајак. Се одликувало со голема заблатена област и поголем број мали островчиња, тешко проодни трскарници[1] полни со комарци кои ширеле маларија. Риболовот бил многу развиен. Со истиснувањето на македонското население, грчката држава почнала со негово цедење во полза на новодојденците од Мала Азија. Тоа е наполно исцедено во периодот од 1928 до 1932 г., користејќи ги услугите на американското претпријатие „Њујорк фаундејшн компани“.[2] На негово место е добиено плодно земјиште за стопански цели.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во периодот од 1903 до 1908 г. Ениџевардарското Езеро имало разни бази на четите на ВМРО кои воделе борби со Грчката вооружена пропаганда. Со помошта на месните селани, ВМРО ги изградило езерските бази уште пред почетокот на Илинденското востание. Тука останала главната база на војводата Апостол Петков, од мештаните наречен „Ениџевардарското Сонце“. Во 1907 г. четите се соочиле со заеднички напади од грчките единици и турската војска, со што биле принудени да ги напуштат базите.
Од 1904 г. по јужната граница на езерото почнале да се утврдуваат чети на грчката пропаганда, на чело со Гоно Јотов. Во 1906 г. од Грција дошле четите на Панајотис Папаѕанетејас, Михаил Анагностакос („Капетан Матапас“), Телос Агапинос („Капетан Аграс“), Јоанис Деместихас („Капетан Никифорос“) и Константинос Сарос („Капетан Калас“), а во 1907 г. и онаа на Хараламбос Папагакис („Капетан Аграфиотис“).[4]
Во Првата балканска војна, во октомври 1912 г. крај езерото се одиграла Битката за Ениџе Вардар.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ο Αγώνας στην λίμνη των Γιαννιτσών και στρατηγική σημασία του βάλτου од clubs.pathfinder.gr“. Архивирано од изворникот на 2012-03-05. Посетено на 2019-10-07.
- ↑ Eugene N. Borza, In the shadow of Olympus: the emergence of Macedon (1992) ISBN 0-691-00880-9, p. 289; Matthieu Ghilardi et al., „Human occupation and geomorphological evolution of the Thessaloniki Plain (Greece) since mid Holocene“, Journal of Archaeological Science 35:1:111-125 (јануари 2008)
- ↑ Се гледа на сателитските снимки од местото [1]
- ↑ Το Στοιχειό του Βάλτου 9 февруари 2016 г. www.fileg.gr
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ениџевардарско Езеро на Ризницата ?
|