Скумско Езеро
Изглед
Скумско Езеро Λίμνη Βράχου | |
---|---|
Скумското Езеро на карта | |
Подрачје | Костурско, Егејска Македонија |
Координати | 40°21′16″N 21°06′21″E / 40.3545° СГШ; 21.1057° ИГД |
Главни приливи | р. Галешово |
Главни истеци | р. Галешово |
Сливни земји | Грција |
Површина | 6,5 км2 |
Најг. длабочина | 35 м |
Надм. височина | 950 м |
Скумско Езеро (грчки: Λίμνη Βράχου, Лимни Враху) — вештачко езеро во Општина Рупишта, Костурско, Егејска Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Езерото е сместено на притока на реката Галешово на севернните падини планината Одре, на височина од 950 м. Лежи во областа Костенарија, на 24 км југозападно од гратчето Рупишта. Го носи името на селото Скумско (Врахос), кое се наоѓа на 1 км западно од езерото.[1]
Особености
[уреди | уреди извор]Езерото е создадено во 2010 г. со цел да се решат проблемите со водоснабдувањето и наводнувањето во тој крај, притоа создавајќи место за разонода кое го потпомага туристичкиот развој на подрачјето.[1]
Зафаќа површина од 6,5 км2. Изградена е и посебна пречистителна станица.[1] Достигнува најголема длабочина од 35 м.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Φωτοδιαδρομή : Τεχνητή Λίμνη Βράχου, Βράχος, Όντρια, Λάγκα -Δήμου Άργους Ορεστικού“. Tovoion. 27 март 2019. Архивирано од изворникот на 2021-10-18. Посетено на 22 јануари 2021.
- ↑ „Λάγκα, Βράχος, Τεχνητή Λίμνη Βράχου, Όντρια, Βόιο Μέρος Ά“. Tovoion. 18 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 2021-01-28. Посетено на 22 јануари 2021.
|