Рудничко Езеро (вештачко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рудничко Езеро
Λίμνη Μεταλλείου
2007-05-05-Limni-Metalleiou-Kilkis-DSCN6625.jpg
Поглед на езерото
Координати41°02′06″ N; 22°26′24″ E / 41.035° СГШ; 22.440° ИГД / 41.035; 22.440Координати: 41°02′06″ N; 22°26′24″ E / 41.035° СГШ; 22.440° ИГД / 41.035; 22.440
Видвештачко
Главни приливиКоџа Дере
Сливни земјиГрција
Најг. должина2 км
Најг. ширина0,1 км
Површина&100000000000000002000000,2 км2
Најг. длабочина35 м
Надм. височина275 м

Рудничко Езеро (грчки: Λίμνη Μεταλλείου, Лимни Металиу) — вештачко езеро во областа, Бојмија, Кукушко, Егејска Македонија. Создадено е со изградбата на брана преку реката Коџа Дере (Мега Рема), притока на Вардар.

Езерото има должина од 2 км и најголема длабочина од 35 метри.[1] Сместено е 15 км северозападно од гратчето Бојмица[2] и 10 км од селото Извор.

На ова место, за време на Втората светска војна постоеле француски рудници кои подоцна се потопени од водата. Некои од окната останале на суво и можат да се видат и денес од крајезерскиот пат.[3]

До езерото се стасува по шумски пат од листопадни дрвја, по падините на планината Пајак. Во Рудничкото Езеро се одвиваат разни рекреативни дејности како велсање со кануа и кајаци, како и риболовот бидејќи истото изобилува со пастрмка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Νομός Κιλκίς, Αξιούπολη
  2. „Λίμνη Μεταλλείου - Νομός Κιλκίς“. kilkis.topodigos.gr. Посетено на 31 октомври 2019.
  3. „Η λίμνη του Μεταλλείου“. Ξενώνας Δημοσθένης. Посетено на 31 октомври 2019.

Поврзано[уреди | уреди извор]