Ланџанско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ланџанско Езеро
Λίμνη Λάντζα
ПодрачјеЛагадинско, Егејска Македонија
Координати40°46′6″N 23°31′6″E / 40.76833° СГШ; 23.51833° ИГД / 40.76833; 23.51833Координати: 40°46′6″N 23°31′6″E / 40.76833° СГШ; 23.51833° ИГД / 40.76833; 23.51833
Етимологијас. Ланџа
Сливни земјиГрција

Ланџанско Езеро (грчки: Λίμνη Λάντζα, Лимни Ланѕа) — поранешно езеро во Лагадинско, Егејска Македонија.

Се наоѓало во јужното подножје на Орсова Планина. Наречено е по селото Ланџа, Општина Бешик, кое лежи на неговиот северен брег, а во 1927 г. е преименувано во Лимни (во превод езеро).[1][2]

Ланџанското и соседното Мавровско Езеро се од типот на соленикави езера.[3] Двете биле пресушени од властите во 1960 г. со цел да се ослободи обработливо земјиште и како заштита од маларија.[3][4] Мавровското денес е обновено, но Ланџанското останува историско езеро.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. λίμνη — Грчко-македонски речник, офф.нет
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 „National planning tool for the implementation of the Ramsar Convention on Wetlands“ (PDF). Ministry for the Environment, Physical Planning and Public Works, General Directorate for the Environment. 2002. Посетено на 8 октомври 2015.
  4. „Ramsar Convention. Greek Report“ (PDF). Посетено на 8 октомври 2015.