Бутковско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бутковско Езеро
Λίμνη Κερκίνη
Kerkini lake 2.jpg
Поглед на Бутковското Езеро
Координати41°07′ СГШ; 23°05′ ИГД / 41.11° СГШ; 23.09° ИГД / 41.11; 23.09Координати: 41°07′ СГШ; 23°05′ ИГД / 41.11° СГШ; 23.09° ИГД / 41.11; 23.09
Видпроширено природно
Главни приливиСтрума
Главни истециСтрума
Сливни земјиЕгејска Македонија, Грција
Најг. должина17 км
Најг. ширина5 км
Површина&10000000000000109959999109.96 км2
Најг. длабочина35,5 м
Надм. височина35 м

Бутковско Езеро (грчки: Λίμνη Κερκίνη, Лимни Керкини) — езеро во Егејска Македонија, дел од групата на Егејските езера.

Езерото се наоѓа кај селото Бутково (Серско). Според историските податоци, во антиката се нарекувало Прасида, а во неговата околина живееле Пајонци. Херодот зборува за нивните наколни населби во езерата Бутков и Тахино.

Географија[уреди | уреди извор]

Езерото се наоѓа меѓу планините Беласица и Круша, во северниот дел на Серското Поле. Претставува котлина на текот на реката Струма. Порано било големо блато, но во 1932 г. неговата површина е зголемена со преградување на источниот и јужниот дел.Во 1982 г. браната е зголемена, со што се зголемил и водостојот за 4-8 м. Северниот дел е блатест со просторна пловна вегетација. Опколено е од ниви, плантажи со тополи и ридови, покриени со листопадни шуми. Прогласено за природен резерват.

Хидролошки податоци[уреди | уреди извор]

Се наводнува главно од реката Струма, како и од неколку мали рекички од Беласица и Круша. Езерото постојано ја менува големината во зависност од сезоната и врнежите.

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Рибарски чамци на езерото

Гнездење[уреди | уреди извор]

Кај езерото гнездат следниве птици:

Во околните шуми гнездат: црна луња (Milvus migrans), орел змијар (Circaetus gallicus), краткопрст јастреб (Accipiter brevipes), мал креслав (пегав) орел (Aquila pomarina), мал орел (Hieraaetus pennatus).

Преселници[уреди | уреди извор]

За време на преселбите се среќаваат: цуцулест нуркач (Podiceps cristatus), обичен пеликан (Pelecanus onocrotalus), жолта чапја (Ardeola ralloides), мала бела чапја (Egretta garzetta), црн штрк (Ciconia nigra), сабјарка (Recurvirostra avosetta), бојник (Philomachus pugnax) и црноопашна блатарка (Limosa limosa).

Презимување[уреди | уреди извор]

Крај езерото презимуваат следниве птици: голем корморан (Phalacrocorax carbo sinensis), мал корморан (Phalacrocorax pygmeus), белоглав (кадроглав) пеликан (Pelecanus crispus) (600), голема бела чапја (Egretta alba), обична белочелна гуска (Anser albifrons), дива гуска (Anser anser) (200+), патка берија (Anas crecca) (макс. 40.000), дива патка (Anas platythynchos) (макс. 31.000). мала белочелна гуска (Anser erythropus) и обичен жерав (Grus grus).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]