Витивјанско Езеро
| Витивјанско Езеро Λίμνη Πολυφύτου | |
|---|---|
Витивјанското Езеро со Серфичкиот мост | |
| Подрачје | Кожанско, Егејска Македонија |
| Координати | 40°12′47″N 21°56′49″E / 40.21306°N 21.94694°E |
| Етимологија | с. Витивјани (денес Полифито) |
| Главни приливи | Бистрица |
| Главни истеци | Бистрица |
| Слив | 5 630 км2 |
| Сливни земји | Грција |
| Изградено | 1973 |
| Најг. должина | 29,5 км |
| Најг. ширина | 4 км |
| Површина | 73 км2 |
| Најг. длабочина | 46 м |
| Надм. височина | 293 м |
Витивјанско Езеро (грчки: Λίμνη Πολυφύτου, Лимни Полифиту) — вештачко езеро на реката Бистрица во Кожанско, Егејска Македонија. Создадено е во 1973 г. со изградбата на истоимената брана и зафаќа површина 73 км2, од кои 70 отсто отпаѓаат на општините Серфиџе и Велвендо. Езерото е во сопственост на Јавното електростопанско претпријатие (ДЕН), истото е отстапено на користење на мештаните за цели на риболов и екотуризам. Преку него поминуваат два моста — поголемиот Серфички мост (Υψηλή Γέφυρα Σερβίων) во средишниот дел, и помалиот Рамненски мост (Γέφυρα Ρυμνίου) на југозападниот крај.

Природа и активности
[уреди | уреди извор]Во езерските води се забележани 17 видови слатководни риби, од кои покрупните се во делтата на Бистрица. Витивјанското Езеро претставува важно станиште за грабливи птици бидејќи им овозможува храна, гнездилишта и засолништа. На неговите брегови презимуваат и разни преселни птици. Присутни се неколку видови влекачи и 10 видови цицачи.[1]
Водата ја добива од реката Бистрица и неколку поројници, на вкупна сливна површина од 5 630 км. Водостојот се движи во опсег од 15 м, што значи дека е среднопроточно. Брзата обнова на водата го држи езерото прилично чисто и овозможува разни дејности — стопански како рибарството и рибникарството, спортски активности како веслањето, разонода итн. Акумулацијата воедно ги задоволува потребите за наводнување на околното обработливо земјиште.
Во последно време е забележано прекумерно присуство на олово во водата, опишано како „умерено“.[2]
Знаменитости
[уреди | уреди извор]На езерскиот брег во селото Хаџиомурлу (Родитис) се наоѓа црквичката „Блажен Варадат“, изграден од грчки дојденци од Мала Азија, кои претходно имале истоимена црква во с. Кувуклија кај Бурса. Има и споменик на настраданите во Грчко-турската војна од 1919 - 1922 г.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Шапка
- Камбуница
- Восовско Езеро — помало вештачко езеро недалеку од Витивјанското
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Витивјанско Езеро на Ризницата ?- Витивјанско Езеро Архивирано на 1 март 2021 г. на поштински портал (грчки)
- Витивјанско Езеро — Мрежа на езерски градови (англиски)
| ||||||||||||||
