Мавровско Езеро (Егејска Македонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мавровско Езеро
Λίμνη Μαυρούδα
Mavrouda.jpg
Луѓе на проектот за возобнова на езерото, 2008 г.
ПодрачјеЛагадинско, Егејска Македонија
Координати40°47′30″N 23°27′9″E / 40.79167° СГШ; 23.45250° ИГД / 40.79167; 23.45250Координати: 40°47′30″N 23°27′9″E / 40.79167° СГШ; 23.45250° ИГД / 40.79167; 23.45250
Етимологијас. Маврово
Сливни земјиГрција
Површина&100000000000000011999991,2 км2
Најг. длабочина3 м

Мавровско Езеро (Λίμνη Μαυρούδα, Лимни Мавруда) — езеро Лагадинско, Егејска Македонија.[1][2]

Езерото е сместено во јужното подножје на Богданска Планина. Наречено е по селото Маврово, Општина Бешик, кое лежи на неговиот северен брег, а во 1927 г. е преименувано во Мавруда.[3]

Мавровското и соседното Ланџанско Езеро сe соленикави.[4] Двете езера се пресушени од властите во 1960 г. за да се ослободи обработлива површина[4] и поради големото присуство на маларија на ова подрачје.[2] Во 1993 г. околните жители покренале иницијатива за возобнова на Мавровското Езеро, и во 1999 г.[2] државата отпочнала проект[4] во вредност од 200 милиони драхми (околу 700.000 долари).[5] Повратени се 1,2 км2,[2] околу 25 % од неговата првобитна површина од 4,5 км2[6] Зафатот е направен со мешовит грчко-американски проект, наречен „Мавровско Езеро“, по идејно решение на професорите Георгиос Залидис и Томас Крисман.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Λίμνη Μαυρούδας: Ένα ακόμη πρόβλημα που κληρονόμησε ο δήμος Βόλβης“ (грчки). VolviPress News. 19 април 2015. Посетено на 8 октомври 2015. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Τσιγγανα, Θαναση (14 март 2008). „Παγκόσμιο πρότυπο ανασύστασης η λίμνη Μαυρούδα“. Η Καθημερινή (грчки). Посетено на 8 октомври 2015. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  3. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  4. 4,0 4,1 4,2 „National planning tool for the implementation of the Ramsar Convention on Wetlands“ (PDF). Ministry for the Environment, Physical Planning and Public Works, General Directorate for the Environment. 2002. Посетено на 8 октомври 2015.
  5. „Ramsar Convention. Greek Report“ (PDF). Посетено на 8 октомври 2015.
  6. „Προοπτικές Αναδημιουργίας της τέως Λίμνης Μαυρούδας“ (PDF). Αμφίβιον (грчки) (5). 1994. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-05. Посетено на 8 октомври 2015. Занемарен непознатиот параметар |month= (help); Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)