Бешик
Општина Бешик Δήμος Βόλβης | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Солун |
Гео. област: | |
Население: | 26 079 (2001) |
Седиште: | Ставрос |
Нас. места: | 38 |
Пошт. бр.: | 570 10 |
Пов. бр.: | 23970-6 |
Портал: | dimosvolvis.gr/ |
Бешик (грчки: Δήμος Βόλβης, Димос Волвис) — општина во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е селото Ставрос.
Наречена е по месноста Бешик, со селата Мал Бешик и Голем Бешик. Во средината на општината се протега Бешичкото Езеро.
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Бешик е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“.[1] со спојување на шест стари општини: Свети Ѓорѓија (Агиос Георгиос), Стролонгос (Мадитос), Маслар (Аретуса), Егри Буџак (Аполонија), Рендина и Егнатија (Клисели).
Напомена: Називите на општините „Свети Ѓорѓија“ и „Егнатија“ се произволно дадени називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место.
Општинска единица Егнатија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Егнатија (Δήμος Εγνατίας) со седиште во Клисели (Профитис) има 3 134 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Клисели (1083 жители)
- село Клисели (или Клисали; Προφήτης, Профитис) (1010 жители)
- село Ѓулџук Маало (Μικροκώμη, Микрокоми) (73 жители)
- Општински оддел Караџа
- село Караџа (Ευαγγελισμός, Евангелисмос) (631 жител)
- Општински оддел Чали Маало (851 жител)
- село Чали Маало (Νυμφόπετρα, Нимфопетра) (779 жители)
- село Ваисли (или Ваис Кула; Βαϊοχώρι, Ваjохори) (72 жители)
- Општински оддел Сарај
- село Сарај (Σχολάρι, Схолари) (631 жител)
Општинска единица Егри Буџак[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Егри Буџак (гр. Аполонија, Δήμος Απολλωνίας) со седиште во Егри Буџак (Неја Аполонија) има 4 137 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Егри Буџак (2014 жители)
- село Егри Буџак (Νέα Απολλωνία, Неја Аполонија) (1860 жители)
- село Бешички Бањи (Λουτρά Βόλβης, Лутра Волвис) (103 жители)
- село Арџили (Μεσοπόταμο, Месопотамо) (103 жители)
- Општински оддел Воренос
- село Воренос (Νικομηδινό, Никомидино) (561 жител)
- Општински оддел Гуменич
- село Гуменич (или Ѓулменич; Στίβος, Стивос) (631 жител)
- Општински оддел Лезик
- село Лезик (Μελισσουργός, Мелисургос) (477 жители)
- Општински оддел Угурли (454 жители)
На територијата на општинската единица се наоѓа и некогашното село Кизели (Παρθένιο, Партенио).
Општинска единица Маслар[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Маслар (гр. Аретуса, Δήμος Αρεθούσας ) со седиште во Маслар (Аретуса) има 3 522 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Маслар (1094 жители)
- Општински оддел Маврово
- село Маврово (Μαυρούδα, Мавруда) (408 жители)
- Општински оддел Сулeво (681 жител)
- Општински оддел Стибан (396 жители)
- село Стибан (Στεφανινά, Стефанина) (375 жители)
- село Старо Стибан (Κάτω Στεφανινά, Като Стефанина) (21 жител)
- Општински оддел Ѓувелци (943 жители)
- село Ѓувелци (Ѓуверџе; Φιλαδέλφι, Филаделфи) (333 жители)
- село Канџа (Ανοιξιά, Аниксија) (254 жители)
- село Текри Вермишли (Ξηροπόταμος, Ксиропотамос) (356 жители)
Општинска единица Рендина[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Рендина (Δήμος Ρεντίνας) со седиште во Ставрос има 6 364 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Ставрос (3 647 жители)
- Општински оддел Горно Ставрос
- село Горно Ставрос (Άνω Σταυρός, Ано Ставрос) (1 315 жители) новосоздадено
- Општински оддел Волви (1 402 жители)
- село Мал Бешик (или Ќучук Бешик; Μικρά Βόλβη, Микра Волви) (770 жители)
- село Бамбакеш (Βαμβακιά, Вамвакија) (252 жители)
- село Голем Бешик (или Бујук Бешик; Μεγάλη Βόλβη, Мегали Волви) (198 жители)
- село Рендина (Ρεντίνα) (182 жители)
Општинска единица Свети Ѓорѓија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Свети Ѓорѓија (Агиос Георгиос, Δήμος Αγίου Γεωργίου) со седиште во Аспровалта има 5 466 жители и опфаќа само две општински единици и населени места:
- Општински оддел Аспровалта
- град Аспровалта (Ασπροβάλτα) (3 039 жители)
- Општински оддел Враста
- село Враста (Νέα Βρασνά, Неја Врасна) (2 427 жители)
Општинска единица Стролонгос[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Стролонгос (Мадитос, Δήμος Μαδύτου) со седиште во Стролонгос (Неја Мадитос) има 3 456 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Стролонгос
- село Стролонгос (Νέα Μάδυτος, Неја Мадитос) (3 039 жители)
- Општински оддел Пазаруда (1018 жители)
- Општински оддел Моди
- село Моди (Μόδι) (449 жители)
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|