Воден (општина)
Општина Воден Δήμος Έδεσσας | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Постол |
Гео. област: | |
Население: | 29.799 (2001) |
Седиште: | Воден |
Нас. места: | 31 |
Пошт. бр.: | 582 00 |
Пов. бр.: | 23810-2 |
Портал: | edessa.gr |
Воден (грчки: Δήμος Έδεσσας, Димос Едесас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Воден.
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Воден е создадена на 1 јануари 2011 г., со спојување на две општини: Воден и Островско Езеро, согласно законот „Каликратис“.[1]
Општинска единица Воден[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Воден имала 25.619 жители и во неа влегуваат следниве општински единици и населени места:
- Општински оддел Воден (18.832 жители)
- Општински оддел Владово
- село Владово (Άγρας, Аграс) (883 жители)
- Општински оддел Гугово
- село Гугово (Βρυτά, Врита) (506 жители)
- Општински оддел Јаворени
- село Јаворени (Πλατάνη, Платани) (465 жители)
- Општински оддел Луковец (592 жители)
- село Луковец (Σωτήρα, Сотира) (226 жители)
- село Волкојанево (или В’лкојаново; Λύκοι, Лики) (64 жители)
- село Почеп (Μαργαρίτα, Маргарита) (209 жители)
- село Самар (Σαμάρι, Самари) (91 жител)
- Општински оддел Месимер
- село Месимер (Μεσημέρι, Месимери) (930 жители)
- Општински оддел Нисија
- село Нисија (Νησί, Ниси) (415 жители)
- Општински оддел Оризари
- село Оризари (Ριζάρι, Ризари) (1.129 жители)
- Општински оддел Под (974 жители)
- Општински оддел Теово (893 жители)
- село Теово (Καρυδιά, Каридија) (438 жители)
- село Кронцелево (Κερασέαι, Керасее) (455 жители)
На територијата на општинскиот оддел се наоѓа и запустеното село Патичино (Патима).
Општинска единица Островско Езеро[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Островско Езеро (Δήμος Βεγορίτιδας) со седиште во Острово (Арниса) имала 4.180 жители и во неа влегуваат следниве општински единици и населени места:
- Општински оддел Острово (1.797 жители)
- град Острово (Άρνισσα, Арниса) (1.550 жители)
- село Друшка (Δροσιά, Дросија) (68 жители)
- село Кадрево (Άγιος Δημήτριος, Агиос Димитриос) (63 жители)
- село Ново Русилово (Νέα Ξανθόγεια, Неја Ксантогија) (114 жители)
- село Русилово (или Росилово, Ξανθόγεια, Ксантогија) (2 жители)
- Општински оддел Граматиково (308 жители)
- село Долно Граматиково (Κάτω Γραμματικό, Като Граматико) (230 жители)
- село Горно Граматиково (Άνω Γραμματικό, Ано Граматико) (78 жители)
- Општински оддел Кочана
- село Кочана (Περαία, Переја) (352 жители)
- Општински оддел Ослој (1.079 жители)
- Општински оддел Чеган (644 жители)
На територијата на општинската единица се наоѓаат и историските села Бегна (Агиос Спиридонас), Патичино (Патима) и Лагот (Лонгос).
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Општински портал на Воден (грчки) (англиски)
|
|