Пачарешко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пачарешко
Προάστιο
Пачарешко is located in Грција
Пачарешко
Пачарешко
Местоположба во областа
Пачарешко во рамките на Воден (општина)
Пачарешко
Местоположба на Пачарешко во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°46.90′N 22°03.50′E / 40.78167° СГШ; 22.05833° ИГД / 40.78167; 22.05833Координати: 40°46.90′N 22°03.50′E / 40.78167° СГШ; 22.05833° ИГД / 40.78167; 22.05833
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаВоден
Надм. вис.&10000000000000140000000140 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно43
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Пачарешко или Пачарешќој (грчки: Προάστιο, Проастио; до 1926 г. Πατσαρέσκιοϊ, Пацаресќој[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 43 жители (2011) и сè до 1924 г. било исклучиво македонско.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа околу 3 км јужно од градот Воден, во североисточните падини на планината Каракамен. Оддалечено е околу 500 м од главниот пат и се наоѓа на надморска височина од 140 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. Пачарешко е припоено кон грчката држава. Во 1924 г. се доведели Грци-бегалци Во 1926 година селото е прекръстено на Проастио.[4] Во 1928 г. Пачарешко имало веќе претставувало мешано мештанско-доселеничко со 13 доселенички семејства со вкупно 56 члена.[5]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 91 41 84 64 61 61 48 43
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Воден, каде покрај Пачарешко, спаѓаат градот Воден и селата Котугери и Црковјани.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главно занимање на населението се земјоделството, овоштарството и сточарството.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πατσαρέσκιοϊ -- Προάστειον
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 55.
  4. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.