Прејди на содржината

Кронцелево

Координати: 40°52.63′N 21°57.71′E / 40.87717° СГШ; 21.96183° ИГД / 40.87717; 21.96183
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кронцелево
Κερασέαι
Кронцелево is located in Грција
Кронцелево
Кронцелево
Местоположба во областа
Кронцелево во рамките на Воден (општина)
Кронцелево
Местоположба на Кронцелево во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°52.63′N 21°57.71′E / 40.87717° СГШ; 21.96183° ИГД / 40.87717; 21.96183
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаВоден
Надм. вис.&10000000000000700000000700 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно473
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Кронцелево или Кронцелово (грчки: Κερασέαι[2], Керасее, до 1926 година Κροντσέλοβον, Кронцеловон[3]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 473 жители (2011). Сè до 1879 г. населението било исклучиво македонско.[4]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во југоисточните падини на планината Кајмакчалан, на надморска височина од 700 м.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Кронцелево историски било чисто македонско село во Воденската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Грунцелово (Grountzelovo) има 120 куќи со вкупно 545 жители, од кои 375 Македонци и 170 Македонци-муслимани.[5] Во 1866 г. зела замав бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште.[6]

Во 1879 г. турските власти тука населиле босански муслимани[4] кои се иселиле од Босна при нејзиното припојување кон Австроунгарија и селото добило мешан етнички и јазичен состав.

Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) вели дека во 1900 г. селото имало 580 жители, но погрешно го заведува населението како мешано од Македонци-христијани и Македонци-муслимани[7][8]. Истата грешка ја прави и Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), кој вели дека во 1905 г. во Кронцелово (Krontzelovo) имало 416 Македонци[7][9] За разлика од нив, Боривое Милоевиќ во 1917-18 г. правилно регистрирал 60 македонски и 50 босански муслимански куќи[4] Сето време селото било под врховенството на Бугарската егзархија и работело бугарско училиште.

Во октомври 1910 г. селото настрадало за време на разоружувачката акција на младотурците. На 22 октомври селото го окупирала младотурска војска и во судирите со неа загинале Ристо Крезов, Дине Крезов, Ванe Миндев, Аламан Минов и Ванe Минов.[10]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 311 жители[4]. Во 1920 г. се заведени 488 жители, од кои сосема малку муслимани.[4] Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор и преостанатите муслимани се иселени во Турција, а на нивно место се доселени 115 турски Грци[4], со што селото останало мешано, но преовладувале Македонците. Во 1928 г. селото е преименувано во Керасее, кога имало 474 жители.[4]

Во 1940 г. во селото живееле 570 жители, од кои 500 Македонци и само 79 доселени Грци.[4] Доселените Грци го напуштиле Кронцелево за време на Граѓанската војна, но истото го направиле и повеќе македонски семејства, преоѓајќи во Р Македонија поради големите страдања во селото.

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 579 338 422 378 374 451 455 473
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Теово, каде покрај Кронцелево спаѓа и селото Теово.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Иако е планинско, селото е мошне богато поради големото производство и извоз на цреши, а мошне развиено е и сточарството поради погодниот терен.[4]

Знаменитости

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. на грчки се среќава и како Κερασιές, Керасиес
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κροντσέλοβον - Κερασιές
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 51.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
  6. Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.
  7. 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Кънчов, Васил. „Воденска Каза“. Македония. Етнография и статистика. София: Българско книжовно дружество в София. стр. 150.
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
  10. Дебърски глас, година 2, брой 28, 7 ноември 1910, стр. 4.