Нисија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нисија
Νησί
Нисија is located in Грција
Нисија
Нисија
Местоположба во областа
Нисија is located in Воден (општина)
Нисија
Местоположба на Нисија во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°49.36′N 21°56.01′E / 40.82267° СГШ; 21.93350° ИГД / 40.82267; 21.93350Координати: 40°49.36′N 21°56.01′E / 40.82267° СГШ; 21.93350° ИГД / 40.82267; 21.93350
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаВоден
Надм. вис.&10000000000000520000000520 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно382
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Нисија (грчки: Νησί, Ниси) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 382 жители (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено околу 8 км северозападно од градот Воден, во подножјето на планината Кајмакчалан, на надморска височина од 520 м.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Нисија било чисто македонско село во Воденската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ го опишува Владово како македонско село.[3][4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ стои дека во 1873 г. во Нисија (Nissia) било село во Воденската каза со 45 куќи и вкупно 243 жители Македонци.[5][6] Во патописниот попис од 1870-тите Милош Милоевиќ забележал 60 македонски[7] куќи.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в селото живееле 340 жители Македонци христијани.[5][8] Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија,[9] Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Нисија (Nissia) има 368 Македонци[5] под егзархијата.[10]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. Нисија влегува во состав на грчката држава, кога имало 353 жители.[2]

Во Втората светска војна Нисија е окупирана од Бугарите и воспоставена е општинска власт. Кај селото воденската чета на бугарската паравоена организација „Охрана“ разбила андартска чета, заробувајќи и погубувајќи го нејзиниот водач, полковникот Куцоќорис.[11]

Селото прилично настрадало во Граѓанската војна[2] и затоаповеќе семејства пребегале во Р. Македонија.

Население[уреди | уреди извор]

Денес населението на Нисија останува целосно македонско и непроменето.[2]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 607 533 656 510 508 587 415 382
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нисија, во кој тоа е единствено населено место.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главни производи на населението се жито, арпаџик и овошје (јаболка и цреши).[2]

Дел од најплодната земја во полето била неповратно изгубена и населението уште повеќе осиромашено со изградбата на вештачкото Владовско Езеро во 1956 г.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 52. 
  3. наречено „бугарско“, под влијание на бугарската политика
  4. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.92.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.156-157.
  7. нарекувајќи ги „српски
  8. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.149.
  9. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр.126.
  10. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
  11. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)