Ново Русилово
Ново Русилово Άρνισσα | |
---|---|
Црквата „Св. Илија“ во Ново Русилово | |
Координати: 40°49.36′N 21°50.90′E / 40.82267° СГШ; 21.84833° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Општ. единица | Островско Езеро |
Надм. вис. | 570 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 90 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Ново Русилово (грчки: Νέα Ξανθόγεια, Неја Ксантогија) — новоизградено село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението е македонско, преселено од старото село Русилово.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа 2-3 км северно од старото Русилово и 4 км североисточно од Острово.[2] Лежи на надморска височина од 570 м.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото Русилово (Старо Русилово) настрадало во Граѓанската војна, поради што неколку семејства и поединци морале да се преселат во Р Македонија.[3] По војната започнало иселување во Воден.[4] Во 1950-те жителите постепено почнале да го основаат Ново Русилово на 2-3 км од старото и да го напуштаат дотогашното село.
Старото село е напуштено во 1980-тите, а населението е преселено во денешното, поради поповолната местоположба (крај патот од Воден за Суровичево и Лерин)
Население
[уреди | уреди извор]Како нова населба, Ново Русилово за првпат се јавува во пописот од 1991 г.[2]
Година | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|
Население | 150 | 114 | 90 |
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Острово, каде спаѓаат и гратчето Острово и селата Друшка, Кадрево и Русилово.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 53.
- ↑ Симовски, стр. 57
- ↑ Симовски, Тодор. Населените места во Егејска Македонија, Скопје 1998.
|