Друшка
Друшка Ζέρβη | |
---|---|
Координати: 40°47.80′N 21°52.21′E / 40.79667° СГШ; 21.87017° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Општ. единица | Островско Езеро |
Надм. вис. | 590 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 33 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Друшка (грчки: Δροσιά, Дросја, до 1926 г. Δρούσκα, Друска[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 33 жители (2011)
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото сместено 3 км источно од Острово и 17 км западно од Воден, на надморска височина од 590 м.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Праисторија и антика
[уреди | уреди извор]Кај селото во месноста Сарацина е откриена населба од неолитот. На ридот Градишта има античка населба. Во близина е откриена и римска градба, која веројатно е одмориштето Mutatio ad Duodecim на Вија Егнација.[4]
Османлиско време
[уреди | уреди извор]Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Дружко како македонско[5] село.[6]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дружко (Droujko) — село во Воденската каза со 15 куќи и вкупно 83 жители Македонци[7].[8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Друшка живееле 68 жители, сите Македонци христијани.[7][9] Целото население било под црховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дружка (Droujka) имало 32 Македонци[7].[10]
Во Грција
[уреди | уреди извор]Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 56 жители.[3] Во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го води селото со 3 македонски куќи.[3] Дел од жителите се иселиле и на нивно место 1924 г. се населени 64 Грци-бегалци, така што во 1928 г. селото се води 67 жители, од кои само 3 Македонци.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Дросја. Сепак, во местото почнале да се доселуваат македонски семејства од други места, па во 1940 г. 152 жители, од кои 66 Македонци и 86 доселени Грци.[3] Статистиката на НОФ вели дека во 1947 г. во Друшка имало 73 Македонци и 101 грчки доселеник.[3]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Острово, каде спаѓаат и гратчето Острово и селата Русилово, Ново Русилово и Кадрево.
Население
[уреди | уреди извор]Населението на Друшка опаѓа, веројатно поради тоа што селото важи за доста сиромашно.[3] Во деценијата од 2001 до 2011 г. бројот на жители се располовил. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 152 | 178 | 174 | 97 | 55 | 100 | 68 | 33 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
- „Св. Петар и Павле“ во селото
- „Св. Никола“ — парохиска и гробишна црква
- „Пресв. Богороица“ од 1924 г. - преку државниот пат на југоисток
- „Св. Константин и Елена“ — уште појугоисточно, на рид над државнот пат
- Параклис „Живоносен извор“
- Археолошки наоѓалишта
- Сарацина — населба од неолитот
- Градишта — праисториска и античка населба
- Mutatio ad Duodecim — одмориште на патот Вија Егнација
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δρούσκα - Δροσιά
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 48–49.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/15768/789/31-3-1999 - ΦΕΚ 443/Β/26-4-1999“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-19. Посетено на 2023-04-28. Занемарен непознатиот параметар
|access=
(се препорачува|access-date=
) (help); Недостасува права црта во:|access=
(help) - ↑ нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика.
- ↑ Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 149
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
|