Воден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Воден
Έδεσσα
Водопад на реката Вода во Воден
Водопад на реката Вода во Воден
Воден се наоѓа во Грција
Воден
Координати: 40°48′ СГШ 22°03′ ИГД / 
Земја Грција
Област Централна Македонија
Површина
 • Вкупна 38,9 км2
 • Општина 321,2 км2
Надм. вис. 320 м
Најг. вис. 320 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно 18.253
 • Густина Лошо заокружување46.922.879.177.378/км2
 • Општина 25.619
 • Општина густина Лошо заокружување7.9.760.273.972.603.0/км2
Заедница
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Пошт. бр. 582 00
Повик. бр. 23810
Рег. таб. ΕΕ
Мреж. место edessacity.gr
Стари куќи во Варошот во Воден
Старото егзархиско училиште во Воден

Воден (грчки: Έδεσσα, Едеса; до 1923: Βοδενά, Водена) — град во Егејска Македонија, северозападно од Солун, или поточно во округот Постол. Населението брои 18.253 жители (2001). Преку железничка пруга Воден е поврзан со Лерин и Битола кон запад, додека пак со Солун кон југоисток. Во непосредна близина на градот се наоѓаат неколку природни езера и водопади на реката Вода (Воденка), кои се голема туристичка атракција. Воедно, поради неговата околина се претпоставува дека го добил името Воден. Исто така и низ самиот град течат голем број на поточиња. Градот е седиште на Општина Воден.

Демографија[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Воден е град со мешано македонско и турско население. Христијанското население било разделено меѓу Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев, во 1905 година во Воден имало 3.600 Македонци-егзархисти и 6.280 Македонци-патријаршисти[2](гркомани), 30 Власи и 270 Роми. Во градот функционирале три школи на бугарски јазик (две основни и едно прогимназијално) и три грчки (две основни и едно прогимназнијално).[3]

Македонците во Воден и Воденско[уреди | уреди извор]

Во градот и неговата околина денес живеат голем број на Македонци и македонскиот јазик сѐ уште се зборува во меѓусебната комуникација во повеќе воденски села и во самиот град Воден, а преку репортажа на весникот „Време“ Македонците од Воден и Воденско јавно ги искажале своите маки за изумирањето на македонскиот јазик меѓу младите и за зачувувањето на македонските традиции во воденските села.. Македонската организација и политичка партија Виножито планирала да отвори македонски културен центар во градот, но тоа било спречено од грчките власти кои не го признаваат македонското малцинство во Егејска Македонија. Партијата Виножито својата прва седница на Централниот совет ја одржала токму во Воден на 26 јануари 1997.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот Воден и неговата околина имаат богата историја уште од античко време. Градот уште од самото основање припаѓал на античкото македонско кралство, а во околината на денешниот град Воден се наоѓала и македонската престолнита Ајга. Во времето на Отоманската империја, Воден и Воденско развиле многу богат македонски културен, национален и економски живот. Покрај панаѓурите кои се организирале, градот бил и попатна станица на некогаш најпрометната релација Солун - Битола. Во голем број се легендите, преданијата и фолклорот од воденскиот крај кој е неизоставен дел од македонскиот фолклор. Етничкиот состав на Воден и Воденско масовно се менува по поделбата на Македонија, а поголеми размери добива со насилните иселувања и протерувања на Македонците за време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949).

Личности[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905

Надворешни врски[уреди | уреди извор]