Оваа страница се однесува на физичката појава Виножито. За други значења видете Виножито (појаснување).
Виножито или божилак.
Виножито, божилак, ѕуница или божило — оптички и метеоролошки феномен кој предизвикува светлинскиот спектар од сончевите зраци да се појави на небото поради прекршување на светлината низ ситни капки вода во атмосферата. Прекршувањето предизвикува создавање на повеќебоен свод на небото, со црвената боја најгоре, а виолетовата најдолу. Виножитото обично се појавува после дожд. Виножитото се состои од 7 бои. Тоа се боите: црвена, портокалова, жолта, зелена, сина, модра и виолетова.
Виножитото како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
„Крајот на виножитото“ (The End Of The Rainbow) - песна на американското фолк-рок дуо Ричард и Линда Томпсон (Richard & Linda Thompson) од 1974 година.[2]