Ташо Ајановски
Ташо Ајановски | ||
Роден | 6 февруари 1908 Воден, Солунски Вилает, Отоманска Империја | |
---|---|---|
Починал | 28 април 1978 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
Народност | Македонец |
Ташо Ристов Ајановски - Мими (6 февруари 1908 во Воден, Егејска Македонија — 28 април 1978 во Скопје, Македонија) — македонски деец од Егејскиот дел на Македонија.[1]
Во 1928 година влегол во работничкото движење,[2] а подоцна станал и претседател на Сеработничкиот сојуз во Воден (1932). Учесник е во антифашистичката војна (1941), организатор и раководител на воената организација ОПЛА (Заштита на народните борци) во градот (1943). За време на Граѓанската војна во Грција, од јули 1946 година, бил политички комесар на македонски баталјон на НОФ во Воденско.[3] А, од 1946 година до 1948, ги вршел функциите на организационен и политички секретар на Окружниот комитет на НОФ за Воденско, како и член на Главниот одбор на Егејскиот дел на Македонија (од јануари 1948).[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 16. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Ајановски-Оче, Вангел (1975). Егејски бури: револуционерното движење во Воденско и НОФ во Егејска Македонија. Институт за национална историја. стр. 299. Проверете ги датумските вредности во:
|year=, |year= / |date= mismatch
(help) - ↑ „THE FIRST NOF CONGRESS“. www.pollitecon.com.
Литература
[уреди | уреди извор]- Вангел Ајановски - Оче „Егејски бури“, Скопје, 1975
- Егејска Македонија во НОБ 1949, Том VI, Скопје 1983
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Македонски Народно Ослободителен Фронт – MНОФ Архивирано на 4 декември 2020 г.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |