Ново Луковец

Координати: 40°51.27′N 22°02.42′E / 40.85450° СГШ; 22.04033° ИГД / 40.85450; 22.04033
Од Википедија — слободната енциклопедија
Луковец
Σωτήρα
Црквата „Св. Петка“ во Ново Луковец.
Црквата „Св. Петка“ во Ново Луковец.
Луковец is located in Грција
Луковец
Луковец
Местоположба во областа
Луковец во рамките на Воден (општина)
Луковец
Местоположба на Луковец во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°51.27′N 22°02.42′E / 40.85450° СГШ; 22.04033° ИГД / 40.85450; 22.04033
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаВоден
Надм. вис.&10000000000000440000000440 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно205
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Фудбалско игралиште во Луковец

Ново Луковец (грчки: Σωτήρα, Сотира) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 11 км северно од Воден и на 3 км северозападно од старото село Луковец (денес наречено Старо Луковец).[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е изградено по завршетокот на Граѓанската војна и во него се сместени жителите на старото село Луковец.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 290 369 267 242 250 226 205
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Секој 2 мај во годината ва селото се одржуваат културни манифестации во чест на спасувањето на жителите од ова село од напаста на мравките за време на неговото опстојување во месноста Тополите.

На оваа културна манифестација покрај учеството на играорните и пејачките групи од селото Луковец учествуваат и групи од Воден и соседните села.

За подготовки за одржувањето на манифестациите се грижи одбор од селото и со помош од Одборот за култура и други културни манифестации од градот Воден.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 52.
  3. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 53.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]