Патичино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Патичино
Άγιος Αθανάσιος
Патичино is located in Грција
Патичино
Патичино
Местоположба во областа
Патичино is located in Воден (општина)
Патичино
Местоположба на Патичино во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°50.96′N 21°55.95′E / 40.84933° СГШ; 21.93250° ИГД / 40.84933; 21.93250Координати: 40°50.96′N 21°55.95′E / 40.84933° СГШ; 21.93250° ИГД / 40.84933; 21.93250
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Надм. вис.&100000000000010300000001,030 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)


Патичино (Патичина, Патечино Патечина; грчки: Πάτημα, Патима; до 1926 г. Πάτοτσιν, Патоцин[1]; влашки: Paticina) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на југозападните падини на планината Кајмакчалан, на надморска височина од 1.030 м, близу некогашното село Турице.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во подалечното минато, селото било македонско, но се распаднало во немирни времиња.[2] Многу подоцна, во втората половина на XIX век Патичино го обновиле Власи-сточари од Епир, кои го откупиле земјиштето од некој турски бег од Ослово.[2]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Пачетин като македонско село.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Патичино живееле 100 Македонци.[5][6]

По Илинденското востание целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Патичин (Patitchin) имало 72 жители, сите Македонци.[5][8]

Според романски извори, Патичино било влашко село[9] и ова се смета за правилно. Единствениот друг извор што дава исправна информација е Милоевиќ (подолу), додека пак бугарските извори го водат како Македонско (секако, нарекувајќи го „бугарско“), несвесни за етничката промена што настанала во минатото.[2]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото било припоено кон грчката држава, кога имало 216 жители. Во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го завел како влашко село.[2] Во 1920 г. се заведени 325 жители, сите Власи.[2] Селото било под силна романска пропаганда и многу жители во 1925 г. се иселиле во Романија. Поради ова, во 1928 се заведени само 185 жители, а во 1940 г. само 91 жител.[2]

За време на Втората светска војна во 1944 г. селото настрадало од германската офанзива во јануари 1944 г. Во меѓувреме, повеќе семејства се иселиле во Воден и Негуш. Во 1947 г. во Граѓанската војна дошло до присилно иселување на сточарите од Патичино во Воден, кои во меѓувреме го обновиле селото. По нормализацијата на состојбите, жителите не се вратиле и селото денес е во урнатини.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσεγάνη -- Πάτημα
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 55. 
  3. нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика
  4. Григоровичъ, Викторъ. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.92.
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 149.
  7. Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.126.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рз. 190-191.
  9. Memoriile căpitanului Cola Nicea III