Општини во Грција
Изглед
Општини во Грција (грчки: δήμοι дими; едн. грчки: δήμος, димос) — најмали административни единици во државата. Со реформите по законот „Каликратис“, на сила од 2011 г., во земјата има 325 општини. Најкрупна единица во Грција се областите (13 на број), кои пак се делат на вкупно 74 окрузи (или обласни единици). Секој округ е составен од општини. Пред реформите од 2011 г. бројот на општините бил значително поголем. Денешните општини се поделени на општински заедници/единици (δημοτικές κοινότητες, димотикес кинотитес) или на месни заедници/единици (τοπικές κοινότητες, топикес кинотитес).[1]
Уставни подредби за општините и заедниците
[уреди | уреди извор]Член 102 од Уставот на Грција ги одредува надлежностите на општините и заедниците и нивната поврзаност со државната власт:
- Општините и заедниците самостојно управуваат со месните работи.
- Раководството на општините и заедниците (градоначалникот, советниците и другите членови) се избира на општи и тајни избори.
- Општините можат доброволно или по законска наредба да делуваат здружено со цел давање извесни услуги, а со здруженото работење управува самото раководство на општините.
- Централната власт врши надзор на работата на месните установи, но не се меша во месните иницијативи и работењето.
- Државата е должна да ги обезбеди средствата за остварување на зацртаното во мандатот на раководството на општините и заедниците.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]„Општини во Грција“ на Ризницата ? |
- ↑ Закон „Каликратис“ Архивирано на 27 април 2017 г. — Министерство за внатрешни работи на Грција (грчки)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Програма „Каликратис"“ (PDF). (грчки)