Лагот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лагот
Λόγγος
Црквата „Св. Троица“ во месноста Лагот
Црквата „Св. Троица“ во месноста Лагот
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Заедница
 • Население0
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Карта

Лагот, поретко нечленувано Лаг[2] (грчки: Λόγγος, Лонгос) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, во југоисточно предградие на градот Воден.

На ова место се остатоците од древниот град Едеса.[3][4] Подоцна тука се наоѓал средновековниот Долен Град, а во османлиско време, кога градот се развил на висорамнината на местото на Горниот Град, станало село.[5] Името доаѓа од поимот „лаг“, што значи мала шумичка или рамнина покрај река,[6] во случајов реката Вода.

Иако селото веќе не постои, месноста и понатаму го носи името Лагот, забележителна по својата бујната растителност. Овде е сместена и црквата „Св. Троица[7] со истоимениот манастир.[2]

Во 1966[5] и 1973 година месноста Лагот (Лонгос) е прогласена за споменик на културата од историско и природно значење.[8]

Личности[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Архимандритъ Методий (1920). Градъ Воденъ въ природно, индустриално-икономическо и национално отношение (PDF). София: Печатница на Военно-Издателския Фондъ. стр. 5.
  3. „Έδεσσα: Με τη δύναμη του νερού“. Discover Greece. Посетено на 17 март 2018.
  4. „Έδεσσα: Με τη δύναμη του νερού“. Η ΔΙΑΔΡΟΜΗ. 4 јуни 2013. Посетено на 17 март 2018.
  5. 5,0 5,1 „ΥΑ 11707/14-6-1966 - ΦΕΚ 429/Β/8-7-1966“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2019-05-21. Посетено на 17 март 2018.
  6. лагДигитален речник на македонскиот јазик
  7. „Ιερά Μονή Αγίας Τριάδας“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 25 јуни 2017.[мртва врска]
  8. „ΥΑ Φ31/43631/3404/24-9-1973 - ΦΕΚ 1147/Β/29-9-1973“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-10-28. Посетено на 16 март 2018.

Координати: 40°47′49″ N; 22°03′27″ E / 40.7969° СГШ; 22.0574° ИГД / 40.7969; 22.0574