Котугери

Координати: 40°45.70′N 22°03.81′E / 40.76167° СГШ; 22.06350° ИГД / 40.76167; 22.06350
Од Википедија — слободната енциклопедија
Котугери
Καισαριανά
Котугери is located in Грција
Котугери
Котугери
Местоположба во областа
Котугери во рамките на Воден (општина)
Котугери
Местоположба на Котугери во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°45.70′N 22°03.81′E / 40.76167° СГШ; 22.06350° ИГД / 40.76167; 22.06350
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаВоден
Надм. вис.&10000000000000140000000140 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно81
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Котугери или Кутугери (грчки: Καισαριανά, Кесаријана, до 1926 г. Κουτούγερη, Кутугери или Κατούγερη, Катугери[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 81 жител (2011). Сè до 1924 г. населението било исклучиво македонско.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова е полупланинско село, сместено на 8 км од градот Воден, на надморска височина од 140 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Средновековие[уреди | уреди извор]

Се претпоставува дека селото го добило називот кој византиските власти го користеле за богомилските калуѓери кои живееле тука.[3]

Османлиско време[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век Котугери е забележано како чисто македонско село во Воденската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника1873 г. Котуери (Cotouyéry) е посочено како село во Воденската каза со 12 куќи со 56 жители Македонци[4].[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живет 60 жители Македонци[4].[6]

Целото население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. Катугери (Katougueri) имало 48 Македонци[4] под патријаршијата.[7]

Потпаѓање под Грција[уреди | уреди извор]

Со Букурашкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 44 жители[3]. Во 1924 г. македонското население се иселило и на негово место се донесени грчки бегалци од Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Кесаријана. Во 1928 г. Котугери било аселено исклучиво со Грци доселеници — 38 семејства со вкупно 134 жители.[8]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 140 94 123 116 91 99 116 81
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Воден, каде покрај Котугери и градот Воден, спаѓаат и селата Пачарешко и Црковјани.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото е стопански пасивно, а главни гранки се полоделството (жито) и овоштарството (праски и јаболка).[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κουτούγερη - Καισαριανά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 50–51.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.148.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.