Орохидрографија на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Орохидрографиja на Македониja  
mini
корица на книгата
Автор Васил Канчов
Наслов на
оригиналот
Орохидрография на Македония
Земја Бугарија
Јазик бугарски
Издавач Печатница „Христо Г. Данов“ - Пловдив
Издадена 1911

„Орохидрографиja на Македониja“ е книга на познатиот бугарски географ и политичар Васил К’нчов. Отпечатана е и издадена на бугарски јазик во пловдивската печатница „Христо Г. Данов“ во 1911 година. Издадена е посмртно од Бугарската академија на науките во Софија, под редакција на професор Анастас Иширков.

Основна тема на книгата е орохидрографијата на Македонија, која според авторот тешко се одредува географски или административно, и се дефинира преку етнографската самоидентификација на населението. Според К’нчов, месните Бугари и Куцовласи се нарекуваат самите Македонци и околните народи ги нарекуваат така, а пак Турците, Арнаутите и Грците од Македонија - не се нарекуваат Македонци, но го користат името „Македонија“ за означување на родната земја.[а]

Почетна Страница

Белешки

  • а „Точни граници на областа Македонија не можат да се дадат, зошто таа не е затворена во некои строго определени географски предели, ниту пак административно е одделена од другите области. Само во етнографска смисла, Македонија има поопределени граници, зошто бугарското племе е населено по целата област и ретко излегува од нејзините граници. Областите на север, на запад и на југ од Македонија имаат пред сè друго население. При определувањето на границите ние ќе се раководиме главно од општото мислење на месното население и од мислењата кои ги изнесуваат највештите нови патешественици. Месните Бугари и Куцовласи, кои живеат во пределите на Македонија се нарекуваат самите Македонци и околните народи ги нарекуваат така. Турците и Арнаутите не се кажуваат Македонци, но запрашани од каде се, одговараат: од Македонија, а исто така и Грците, кои живеат во јужните области, не се нарекуваат Македонци.” Цитат од книгата „Орохидрографија на Македонија” - Васил К’нчов, Пловдив, Печатница Хр. Г. Данов, 1911 г.

Надворешни врски