Прејди на содржината

Долно Граматиково

Координати: 40°41.73′N 21°56.21′E / 40.69550° СГШ; 21.93683° ИГД / 40.69550; 21.93683
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Граматиково
Κάτω Γραμματικό
Долно Граматиково is located in Грција
Долно Граматиково
Долно Граматиково
Местоположба во областа
Долно Граматиково во рамките на Воден (општина)
Долно Граматиково
Местоположба на Долно Граматиково во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°41.73′N 21°56.21′E / 40.69550° СГШ; 21.93683° ИГД / 40.69550; 21.93683
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаОстровско Езеро
Надм. вис.&10000000000000820000000820 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно183
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Долно Граматиково или само Граматиково (грчки: Κάτω Γραμματικό, Като Граматико; до 1927 г. Γραμματίκοβο, Граматиково) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 183 жители (2011).

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 15 км јужно од гратчето Острово, на северните падини на планината Каракамен, на надморска височина од 820 м.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Ова е старо село, кое изворно се нарекувало само Граматиково, но во поново време е преименувано во Долно Граматиково за да се разликува од сточарската населба која го добила името Горно Граматиково.[2]

Османлиско време

[уреди | уреди извор]

Црквата „Свети Ѓорѓи“ сместена на ритче западно од селото датира од 1667 г.[3] Поради учеството во Негушкото востание (1812), селото доста настрадало од турскот аскер и башибозукот. Селото изворно било чисто македонско, но во втората половина на XIX век се населиле Турци-Коњари, кои биле населени Кајларско и Кожанско, па така станало мешана населба.[2]

Во 1848 г. рускот славист Виктор Григорович го опишал Граматиново како македонско село.[4][5] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Граматиково (Gramaticovo) е село во Воденската каза со 280 куќи и вкупно 1.236 жители, од кои 848 се Македонци[6], а 415 Македонци-муслимани,[7] иако најверојатно се работи за Турците-Коњари, кои очигледно се доселиле некаде меѓу 1848 и 1873 г.

Во 1879 г. жителите на Граматиково поднеле поплака до рускиот конзулат во Солун поради насилиствата на соселанецот Ахмед-ага Велиагов, кој соработувал со турски разбојници.[8]

Во 1893 г. Атанас Шопов го посетил Кајларско, утврдувајќи го Граматиково македонско[6] село в Кајларската каза.[9] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), кон крајот на XIX век населението на Долно Граматиково, заедно со она на Горно Граматиково се состоело од 480 Македонци[6] и 300 Турци[10]. Но на етнографската карта К’нчов го обележал Долно Граматиково како влашко, но ова е погрешно и се однесува на Горно Граматиково.[11]

Според грчка статистика од 1904 г. селото имало 420 жители.[12]

За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904-1908) дел од жителите на Долно Граматиково се бореле на грчка страна. Денес во селото стои споменик на 14 загинати борци на грчкиот комитет.[13]

Припојување кон Грција

[уреди | уреди извор]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 917 жители.[2] Во 1920 г. се заведени 820 жители.[2] Со Лозанскиот договор во 1924 г. турското население заминало за Турција, а на нивно место се населени вкупно 618 Грци од Мала Азија и Понд. Така селото станало мешана средина, со 878 жители во 1928 г.[2] Во 1940 г. имало 613 жители, од кои 60% Македонци, а 40% грчки доселеници.[2]

Втора светска и Граѓанска војна

[уреди | уреди извор]

Како планинско село, Долно Граматиково прилично настрадало во Втората светска и Граѓанската војна, кога во 1947 г. грчките власти го иселиле населението во Воден. Подоцна, само дел од населението се вратило во селото, па затоа во 1951 г. се попишани 247 жители.[2] Во следниот период селото бележи извесен пораст на населението, со 363 жители во 1961 г., проследено од благо опаѓање, за во 2011 г. да изнесува само 183 жители.

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 613 247 363 317 319 286 230 183
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Граматиково, во кое спаѓа и селото Горно Граматиково.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото има мошне сиромашно земјиште, произведувајќи ограничени количства жито и тутун, но во поново време се унапредени и овоштарството и сточарството.[2]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 48.
  3. Δήμος Βεγορίτιδας. Ιστορικά & Θρησκευτικά Μνημεία[мртва врска]
  4. наречено „бугарско“ под влијание на бугарската политика
  5. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 92.
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
  8. Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 301.
  9. Шопов, А. Из живота и положението на българите във вилаетите, Пловдив, Търговска печатница, 1893, стр. 230.
  10. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София 1900, с. 270
  11. Романски, Стоян. Македонските ромъни, Македонски преглед, г. I, 1925, кн. 5-6, с. 92
  12. Κωνσταντίνος Σπανός. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  13. Σλαβόφωνοι Μακεδονομάχοι του Κάτω Γραμματικού Ν.Πέλλας[мртва врска]
  14. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2016-11-25. Посетено на 2016-03-03.