Острово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Острово
Άρνισσα
Острово се наоѓа во Грција
Острово
Координати: 40°47′ СГШ 21°50′ ИГД / 
Земја Грција
Област Централна Македонија
Округ Постол
Општина Воден
Општ. единица Островско Езеро
Надм. вис. 580 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно 1.557
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)

Острово (грчки: Άρνισσα - Арниса, до 1926 г. Όστροβο, Острово[2]) — гратче во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.557 жители (2011).

Во минатото било населено исклучиво со Македонци, но подоцна се доселиле и турски семејства, па местото добило мешан етнички карактер.[3] Овие се иселиле со размената на населението во 1920-тите, а на нивно место дошле грчки бегалци од Турција. Денес сепак во голема мера преовладува македонското население.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на североисточниот брег на Островското Езеро, 25 км западно од градот Воден, на надморска височина од 580 м. Низ гратчето поминува железничката линија Солун - Лерин - Битола.[3] и претставува своевиден сообраќаен и економски центар, со разни управни установи, амбуланта, гимназија и тн.[3]

Непосредно на југ од Острово е изграден тунел кој ја пренесува водата од езерото во реката Вода за снабдување на вештачката акумулација Владовско Езеро наменета за производство на струја. Затоа денес водата е донекаде повлечена и не доаѓа до самото гратче (или само до периферијата).

Историја[уреди | уреди извор]

Во антиката и средниот век[уреди | уреди извор]

Викиншката (Варјашка) царска гарда на Харалд во состав на византиската војска, единствено поради која Византијците успеале да ги победат македонските војски

На североисток од Острово во антиката се наоѓал градот Целе, центар на долномакедонската област Еордеја. Во римско време време в близост е минавал пътят Вија Егнација[4].

Во 1019 г. Острово се спомнува како дел од Мегленската епархија на Охридската архиепископија[5].

Познато е дека во XI век на островот (денес полуостров) Свети Пантелејмон во средината на езерото се наоѓал царскиот замок[6]. Таму, во 1041 г. се одиграла Островската битка, во која македонскиот цар Петар Делјан е поразен од византиската војска, во голема мера помогната од викиншка платеничка војска на чело со идниот норвешки крал Харалд III. Овие подвизи на Харалд кај Острово се опишани во норвешка сага за неговите дела.

Османлиско време[уреди | уреди извор]

Во османлиско време Острово станало седиште на мудурлук), а во Островската нахија влегле селата Друшка, Русилово, Ослово, Нисија, Патичино, Жерви, Чеган и Кадрево.[4]

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и џамијата датираат пред 1571 г.[7] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишува Острово како:

забележително село, сместено крај планинско езеро и населено од Македонци[8] и Турци. Во него има црква, изградена на местото на постара црква уништена од Турците[9].

Околу 1840 г. имотите на селаните биле насилно приграбени од Илјаз-паша (родум Албанец од Дебар) и селото со тоа станало чифлигарско. Подоцна жителите успеале да ги го откупат селото.[10] Околу 1850 г. е изградена новата црква „Света Троица“.[4]

Околу 1858-1860 г. водите на Островското Езеро се надигнале, потопувајќи го теснецот на полуостровот, на кој се наоѓало селото Старо Острово, по што жителите биле приморани да се раселат во Воден, Битола и околните села.[11]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Острово (Ostrovo) е гратче со 389 домаќинства, со вкупно 1.400 жители Македонци-христијани и 450 Македонци-муслимани.[12][13]

Рушевините на Старо Острово и стрчнатото минаре на џамијата во езерото на разгледница од Првата светска војна

На почетокот на 1870-тите, Милош Милоевиќ евидентирал 160 македонски[14] и 95 турски куќи.[3] Во летото 1879 г. селото претрпело напад од разбојничка банда.[15]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Острово имало 750 жители Македонци[12] и 450 Турци.[16]

Во селото работел комитет на Македонската револуционерна организација, кој во 1902 г. бил откриен, а раководителите биле уапсени, но на патот за Воден биле спасени од четата на војводата Аргир Манасиев и испратени да пребегаат во Бугарија.[17] За време на Илинденското востание во 1903 г. во борбите како доброволци на МРО учествувале дури 40 жители на Острово.[4].

На почетокот на XX век во гратчето функционирале дури три странски пропагандибугарскata, грчкata и српскata. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Острово живееле 1.040 Македонци[12], од кои 768 под Бугарската егзархија и 272 Цариградската патријаршија. Во гратчето работеле бугарско, грчко и српско училиште.[18]

Во 1912 г. во Острово имало 233 куќи со вкупно 1.243 жители, разделени на македонско и турско маало. Од нив 908 биле Македонци, 320 Турци и 15 Роми[4].

Припојување кон Грција[уреди | уреди извор]

Острово со езерото на почетокот на XX век.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 1.498 жители. Во 1920 г. Острово е заведено со 1.276 жители.[3] Во 1924 г. турските жители на Острово се иселени во Турција и на нивно место се доведени 305 Грци-бегалци од Мала Азија и Понд. Во 1926 г. селото е преименувано во Арниса.[19] Во 1928 г. во Острово се евидентирани 1.289 жители[3], од кои 357 (80 семејства) биле доселеници.[20] Во Втората светска војна селото е окупирано од Бугарија и создадена е чета на бугарската паравоена организција „Охрана“.[21]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1669 1730 1827 1396 1464 1530 1550 1557
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Гратчето припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Острово, каде спаѓаат и селата Друшка, Кадрево, Ново Русилово и Русилово.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главно занимање на населението е земјоделството, но застапени се и трговијата занаетчиството и риболовот.[3] Главни производи се житото, сточните култури, грозјето, а во поново време и овоштарството, и тоа на површините ослободени од поивлекувањето на Островското Езеро со доведувањето на водата за потребите на ХЕЦ „Владово“.[3]

Личности[уреди | уреди извор]

Атанас Караташов (лево) и Григор Цоцев (десно)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. http://www.statistics.gr/documents/20181/1210503/resident_population_census2011rev.xls. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Όστροβον -- Άρνισσα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 54. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Македонски Алманах, издава Ц.К. на МПО, редактор Петър Ацев, издание на "The Macedonian Tribune", Indianapolis, 1940, стр. 37
  5. Снегаров, Иван (1995) [1924]. История на Охридската архиепископия, т.1 (Второ фототипно издание издание). София: Академично издателство „Марин Дринов“. стр. 171-172. http://www.promacedonia.org/is/index.html. 
  6. Иван Петрински, Къде е погребан цар Петър Делян? - „Сега“, 2 септември 2010 г.
  7. Δήμος Βεγορίτιδας. Ιστορικά & Θρησκευτικά Μνημεία
  8. наречени „Бугари“, под влијание на бугарската политика
  9. Григорович, Виктор. Очерк путешествия по европейской Турции, 1877, стр. 93-94.
  10. Дебърски глас, година 2, брой 32, 22 февруари 1911, стр. 2.
  11. Дедијер, Јевто (1913). „Нова Србија“. Београд: Штампарија „Доситеје Обрадовић“. стр. 39 - 40. http://quod.lib.umich.edu/cgi/t/text/pageviewer-idx?c=bosnia;cc=bosnia;rgn=full%20text;idno=ahy8710.0001.001;didno=ahy8710.0001.001;view=image;seq=00000005. конс. 23 февруари 2013 г. г. 
  12. 12,0 12,1 12,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  13. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158-159.
  14. нарекувајќи ги „српски
  15. Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 310.
  16. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 149.
  17. Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 373.
  18. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 190-191.
  19. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  20. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  21. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)