Постол (општина)
Општина Постол Δήμος Πέλλας | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Постол |
Гео. област: | |
Население: | 65 497 (2001) |
Седиште: | Пазар |
Нас. места: | 46 |
Пошт. бр.: | 581 00 |
Пов. бр.: | 23820-2 |
Портал: | giannitsa.gr/ |
Постол или Пела (грчки: Δήμος Πέλλας, Димос Пелас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Пазар или Ениџе Вардар (гр. Јаница). Наречена е по градот Постол, кој на грчки го носи името на стариот град Пела — престолнината на Древна Македонија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Населените места во општината традиционално се сметаат за воденски или пазарски (ениџевардарски), зависно од нивната местоположба.
Населби[уреди | уреди извор]
Општината Постол е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“, со спојување на пет стари општини: Александар Велики, Пазар, Кир, Пласничево и Постол. Денес обединетата општина е поделена на пет општински оддели, кои соодветствуваат на поранешните општини.[1]
Општинска единица Александар Велики[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Александар Велики (Δήμος Μεγάλου Αλεξάνδρου) со седиште во Кадиново (Галатадес) има 8.140 жители ии ги опфаќа следниве населени места:
- Општински оддел Кадиново
- село Кадиново (или Кадиино, Γαλατάδες, Галатадес) (2.339 жители)
- Општински оддел Карајотица
- село Карајотица (или Кариотица, Καρυώτισσα, Кариотиса) (1.999 жители)
- Општински оддел Липариново
- село Липариново (Λιπαρό, Липаро) (478 жители)
- Општински оддел Лозаново
- село Лозаново (Παλαίφυτο, Палефито) (1.468 жители)
- Општински оддел Сарбегово
- село Сарбегово (или Асарбегово; Δροσερό, Дросеро) (496 жители)
- Општински оддел Свети Ѓорѓи
- село Свети Ѓорѓи (или Дорт Армутлар, Άγιος Γεώργιος, Агиос Георгиос) (359 жители)
- Општински оддел Трифулчево (1.001 жител)
- село Трифулчево (Τριφύλλι, Трифили) (531 жител)
- село Ѓупчево (Γυψοχώρι, Гипсохори) (470 жители)
Општинска единица Кир[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Кир [2] (или Кирос, Δήμος Κύρρου) со седиште во Ново В’дришта (Неос Милотопос) има 7.645 жители ии ги опфаќа следниве населени места:
- Општински оддел В’дришта (2.619 жители)
- село Ново В’дришта (Νέος Μυλότοπος, Неос Милотопос) (2.605 жители) новосоздадено
- село Корнишор (Κρώμνη, Кромни) (14 жители)
- Општински оддел Бабјани
- село Бабјани (Λάκκα, Лака) (401 жител)
- Општински оддел Вехти Пазар (1.500 жители)
- село Вехти Пазар (или Ескиџе, Αξός, Аксос) (1.442 жители)
- село Пондохори (Ποντοχώρι) (58 жители) новосоздадено
- Општински оддел В’дришта
- село В’дришта (Παλαιός Μυλότοπος, Палеос Милотопос) (831 жител)
- Општински оддел К’шлар
- село К’шлар (Αχλαδοχώρι, Ахладохори) (417 жители)
- Општински оддел Обор
- село Обор (Αραβησσός, Арависос) (1.514 жители)
- Општински оддел Спирлитово
- село Спирлитово (Πλαγιάρι, Плајари) (363 жители)
Општинска единица Пазар[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Пазар (Δήμος Γιαννιτσών) има 31.442 жители ии ги опфаќа следниве населени места:
- Општински оддел Пазар (29.364 жители)
- град Пазар (или Ениџе Вардар, Γιαννιτσά, Јаница) (26.296 жители)
- село Аларе (Αρχοντικό, Архондико) (231 жител)
- село Дамјан (Δαμιανό, Дамјано) (381 жител)
- село Елевтерохори (Ελευθεροχώρι) (883 жители) новосоздадено
- село Литовој (Λεπτοκαρυά, Лептокарија) (215 жители)
- село Пилорик (Πενταπλάτανος, Пендаплатанос) (956 жители)
- село Радомир (Ασβεσταριά, Асвестарија) (35 жители)
- село Чаушлиево (Μεσιανό, Месијано) (341 жител)
- село Чекре (или Киркалово, Παραλίμνη, Паралимни) (816 жители)
- Општински оддел Балџа
- село Балџа (Μελίσσι, Мелиси) (983 жители)
- Општински оддел Крушари
- село Крушари (Αμπελείες, Амбелиес) (1.095 жители)
Општинска единица Пласничево[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Пласничево (Δήμος Κρύας Βρύσης) со седиште во Пласничево има 10.975 жители ии ги опфаќа следниве населени места:
- Општински оддел Пласничево
- град Пласничево (Κρύα Βρύση, Крија Вриси) (6.535 жители)
- Општински оддел Врежот
- село Врежот (Άγιος Λουκάς, Агиос Лукас) (1.555 жители)
- Општински оддел Голо Село
- село Голо Село (Ακρολίμνη, Акролимни) (1.340 жители)
- Општински оддел Долно Власи (1.545 жители)
- село Долно Власи (Εσώβαλτα, Есовалта) (989 жители)
- село Чичигаз (Σταυροδρόμι, Ставродроми) (556 жители)
Општинска единица Постол[уреди | уреди извор]
Општината Постол (Δήμος Πέλλας) е сместена во источниот дел на округот и, покрај центарот Постол (Пела), опфаќа и 6 села во северозападниот дел на Солунското Поле.
Со почеток на 28 јуни 1918 г., Постол (под името Агии Апостоли) била општина која ги опфаќала селата Грубевци, Рамел и Ливадица.[3] Во 1922 г. тие се одвоени од неа и присоединети кон општината Бозец. На 2 март 1926 г., Постол е преименуван во Палеа Пела,[4] а во 1975 г. — во Пела.[5] Општината ја добила сегашната големина со планот „Каподистрија“.
Според пописот од 2001 г., општината Постол има 7.295 жители ии ги опфаќа следниве населени места:
- Општински оддел Постол
- град Постол (Πέλλα, Пела) (2.450 жители)
- Општински оддел Бозец
- село Бозец (Άθυρα, Атира) (1.693 жители)
- Општински оддел Грубевци
- село Грубевци (Αγροσυκία, Агросикија) (384 жители)
- Општински оддел Кониково
- село Кониково (Δυτικό, Дитико) (477 жители)
- Општински оддел Нова Пела
- село Нова Пела (Νέα Πέλλα, Неја Пела) (1.606 жители) новосоздадено
- Општински оддел Рамел (1.685 жители)
На територијата на општинската единица е и сега непостоечкото село Тагармишево (или Тагармиш, Υδρόμυλοι, Идромили).
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
- ↑ Произволно дадено грчко име што не се однесува на ниедно постоечко населено место.
- ↑ ΦΕΚ 152 ,1918
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ ΦΕΚ 97, τεύχος Α΄ 1926
|
|