Горно Крушари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горно Крушари
Έσω Αχλαδοχώρι
Горно Крушари is located in Грција
Горно Крушари
Горно Крушари
Местоположба во областа
Горно Крушари is located in Постол (општина)
Горно Крушари
Местоположба на Горно Крушари во Постолскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°43.25′N 22°13.37′E / 40.72083° СГШ; 22.22283° ИГД / 40.72083; 22.22283Координати: 40°43.25′N 22°13.37′E / 40.72083° СГШ; 22.22283° ИГД / 40.72083; 22.22283
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Горно Крушари или Горно Крушаре (грчки: Έσω Αχλαδοχώρι; до 1926 г. Έσω Κρουσάρ, Есо Крусар или Άνω Κρούσαρι, Ано Крусари[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во Солунското Поле, југозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар) и јужно од главниот пат за Воден.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

В XIX век Горно Крушари било село во Ениџевардарската каза. На австриската воена карта е означено како Крушар (Krušar), а на картата на Кондојанис — Крусари (Κρουσάρι), што значи дека тие извори не го сметаат за одделно од Крушари (или Армутчи; денес Амбелес).

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во 1912 г. е окупирано од грчки единици. Регистрирано е како населба со христијанска и муслиманска вероисповед, и македонски и ромски јазик. По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција, кога е заведена като село со 45 мажи и 40 жени. Во својот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го заведува селото со 5 македонски христијански и 4 ромски муслимански куќи (погрешно наведувајќи ги ромските како турски).[2] Во 1924 г. муслиманските жители се иселени во Турција и селото е напуштено. Во 1926 г. грчките власти му го менуваат името, преведувајќи го како Есо Ахладохорион, т.е. Внатрешно Крушево.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Έσω Κρουσάρ – Έσω Αχλαδοχώρι
  2. 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 66. 
  3. „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. конс. 10 јули 2019.