Чаушлиево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чаушлиево
Μεσιανό
Чаушлиево is located in Грција
Чаушлиево
Чаушлиево
Местоположба во областа
Чаушлиево is located in Постол (општина)
Чаушлиево
Местоположба на Чаушлиево во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°46.47′N 22°28.42′E / 40.77450° N; 22.47367° E / 40.77450; 22.47367Координати: 40°46.47′N 22°28.42′E / 40.77450° N; 22.47367° E / 40.77450; 22.47367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаПазар
Надм. вис.&1000000000000004000000040 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно346
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Чаушлиево или Чаушли (грчки: Μεσιανό, Месијано; до 1926 г. Τσαουσλή, Цаусли[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 346 жители (2011). Традиционално било населено со Македонци христијани, но кон крајот на XIX век тука се доселиле и Роми муслимани.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено 7 км источно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Според Николаос Схинас, во средината на 1880-те Чаушли (Τσιαουσλί) било село со 4 хриситјански семејства.[4]

Во 1889 г. хрватсниот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Чаушлиево:

Селото Чаушли чифлик е сместено во шумовито место на половина час северно од Чекри и источно од градот. Жителите, Македонци христијани, се занимаваат со земјоделство. Низ Чаушли минува Чекренска Река, а во нејзина близина има шума.[5][6]

Традиционален занает на селото било рогозарството и изработката на предмети од трска и ракита.[7]

На почетокот на XX век етничката слика во селото била поинаква. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. Чаушлиево броело 50 жители, сите Роми.[8]

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Τσαουσλί) има 30 муслимани.[9][4] Сепак, се чини дека македонското население било изоставено, или пак се повратило во селото, бидејќи се води во статистиката од овој период.

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во 1912 г. Чаушлиево е заведено како село со христијанска и муслиманска вероисповед и ромски и македонски јазик. Селото отсуствува од пописите во 1913 и 1920 г., што значи дека било напуштено во тој период.[3] По враќањето на жителите, во 1924 г. сето муслиманско население е иселено во Турција согласно Лозанскиот договор. Македонците се иселени во Бугарија.[4] На нивно место се доведени грчки колонисти. Во 1926 е преименувано во Месијано. Во 1928 Чаушлиево е претставено како чисто дојденско село со 140 жители од 39 семејства.[10]

Со пресушувањето на Ениџевардарското Блато во 1935 г. се добило ново плодно земјиште, па овде се доселени уште грчки колонисти. Така, во 1940 г. населението се накачило на 423 жители.[3] Во 1961 г. Чаушлиево достигнало 549 жители, но веднаш потоа почнало да се намалува поради значајно иселување во градските центри и во странство.[3] По овие движења, бројот на населението останал устојчив до денес.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 423 479 549 302 300 301 341 346
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото важи за доста богато. Највеќе се произведува овошје, памук, жито и тутун.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσαουσλή -- Μεσιανό
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 80.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 15 јули 2019.
  5. Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 112.
  7. Бабев, Иван. Ениджевардарският край /Природо-географска среда и стопански условия/, – в: Бабев, Иван, Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009, с. 119.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
  9. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
  10. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928