Бабјани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бабјани
Λάκκα
Поглед на дел од Бабјани
Поглед на дел од Бабјани
Бабјани is located in Грција
Бабјани
Бабјани
Местоположба во областа
Бабјани is located in Постол (општина)
Бабјани
Местоположба на Бабјани во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°51.24′N 22°14.37′E / 40.85400° N; 22.23950° E / 40.85400; 22.23950Координати: 40°51.24′N 22°14.37′E / 40.85400° N; 22.23950° E / 40.85400; 22.23950
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаКир
Надм. вис.&10000000000000120000000120 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно372
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Бабјани (грчки: Λάκκα, Лака; до 1928 г. Μπάμπιανη, Бабјани[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 372 жители (2011). Сè до Втората светска војна било населено исклучиво со Македонци, а потоа станало македонско-влашко.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во Солунското Поле, во јужното подножје на плнината Пајак. Лежи 20 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар) и 8 км северозападно од Ново В’дришта.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На почетокот на XX век Бабјани е заведено како чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Бабјани броело 168 жители, сите Македонци.[4][5]

Целото население на селото било пдо врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бабјани (Babiani) имало 160 Македонци под егзархијата.[4][6]

Кукушкият околийски училиштен инспектор Никола Хрлев напишал во 1909 г. за селото:

Бабјан, 7-8/III, 1 ч. од Мандалево. 26 македонски егзархиски куќи. И тука [како во Мандалево] преку зимата живеат 18-20 влашки семејства. Се занимаваат само со земјоделство. Десет минути вон селото, на самите падини на Пајак-планина има манастир „Пресв. Богородица“, без монаси. Тој [манастирот] има 150 погона нивје, но приходите од нив се злоупотребуваат. Манастирската црква, во која одат селаните, е затворена. Сега за првпат се отвора училиште. Училиштето е двокатно. Долниот кат е штала, горе има мало отворено преминче и училница со таван 3×5×2 м, осветлена од два прозорци без стакла.[4][7]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 27 македонски куќи.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 173 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 185.[3] Во 1924 г. три-четири семејства од Бабјани се иселиле во Бугарија. Во 1928 г. селото е преименувано во Лака, кога имало 269 жители.[3]

Во 1940 г. селото имало 246 лица. Ова се променило во Втората светска војна, кога во 1944 г. во Бабјани се доселени голем број Власи од изгорените соседни села Голема и Мала Ливада и од епирското село Денско.[8][9] Така, Бабјани станало половина македонско, а половина влашко.[3] Во Граѓанската војна целото население е евакуирано во селото Ѓупчево, но жителите се вратиле по војната. По војните населението почнало да зе зголемува.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 246 342 430 476 470 430 401 372
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото е полупланинско, поради што главно занимање е сточарството. Се одлгедуваат и земјоделски култури како жито, тутун и овошје.[3]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени вo Бабjaни
Починаtи вo Бабjaни
  • Димитар Икономов (Παπα-Δημήτρης Οικονόμου, ? – 1909) — свештеник, гркомански андартски деец, агент од III ред
  • Кољо Гогичев — револуционер од Тушин, деец на ВМРО, убиен кај Бабјани[10]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Попис на населението од 2011 г. Трајно население". Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπάμπιανη -- Λάκκα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  7. Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските бълтарски училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 год. – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 84.
  8. Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 457, 459
  9. Бабяни на сайта на Дем Кирос
  10. „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 138, ISBN 9549514560