Нова Пела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нова Пела
Νέα Πέλλα
Нова Пела is located in Грција
Нова Пела
Нова Пела
Местоположба во областа
Нова Пела is located in Постол (општина)
Нова Пела
Местоположба на Нова Пела во Постолскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°45.55′N 22°29.30′E / 40.75917° СГШ; 22.48833° ИГД / 40.75917; 22.48833Координати: 40°45.55′N 22°29.30′E / 40.75917° СГШ; 22.48833° ИГД / 40.75917; 22.48833
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаПостол
Надм. вис.&1000000000000004000000040 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1,510
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Нова Пела (грчки: Νέα Πέλλα, Неја Пела) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.510 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во западниот крај на Солунското Поле, 8 км југоисточно од Пазар (Ениџе Вардар), крај самиот пат за Солун и во непосредна близина на гратчето Постол. Лежи во плодно поле и има атар од 20 км2.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е основано во 1924 г. од грчката држава, каде се сместени доведени грчки семејства од Источна Тракија. Наречено „Нова Пела“ поради релативната близина до старата македонска престолнина Пела, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Во 1928 г. Нова Пела е претставена како наполно дојденско село со 213 семејства и вкупно 880 жители[3] (Симовски наведува 740).[2] Во 1940 г. населението се зголемило на 1.248 жители, благодарение на пресушувањето на Ениџевардарското Блато кое овозможило сместување на уште грчки дојденци.[2] Пописот од 1951 г. бележи дека селото броело 1.249 лица. Во следните периоди населението продолжило да расте, со 1.438 жители во 1961 г., 1.522 во 1971 и 1.585 во 1981, за да достигне 1.631 жител во 1991 г.[2] Во следните десетлетија, населението Нова Пела бележи извесен пад, со 1.606 жители во 2001 и 1.510 во 2011 г.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1.248 1.249 1.438 1.522 1.585 1.631 1.606 1510
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото важи за многу богато бидејќи располага со мошне плодното земјиште, од кое добар дел се наводнува. Се произведуваат големи количини овошје (претежно праски), памук, пченица, леќа и други култури. Развиено е и краварството.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 74. 
  3. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928